Чифлиганец: Доколку продолжи неизвесноста, не можеме да бидеме оптимисти
Објавено на од во Компании

Ванчо Чифлиганец, генерален извршен директор на Адора Инженеринг

Доколку продолжи неизвесноста, не можеме да бидеме оптимисти

 

 

Vanco Cifliganec 01

- Каква година очекувате да биде 2017 на економски план, со оглед на политичката неизвесност во земјата и со оглед на фактот што следната година ќе има уште едни избори?

Доколку продолжи неизвесноста во Република Македонија, не можеме да бидеме оптимисти дека нешто ќе се промени на економски план во позитивна насока. Прашање е ако се задржи овој амбиент во државата, дали економијата ќе може да се одржи на сегашното ниво или таа ќе опаѓа во периодот што следи? Адора инженеринг во своето работење ја чувствува неизвесноста што трае подолго време во Македонија и со максимална ангажираност и натчовечки напори на целиот тим вработени се труди компанијата да опстојува и натаму.

-Кои се најголемите ризици и предизвици, а каде ги гледате потенцијалите за раст на вашата компанија идната 2017 година?

Во фокусот на Адора инженеринг е да ја задржиме компанијата на нозе и во добра кондициција, со очекување на поповолна бизнис клима и поповолен амбиент за работа во 2017 година.

-Кои се проценките за работењето на вашата компанија? Дали планирате зголемување или намалување на продажбите, вработувањата, инвестициите…?

Оценуваме дека во овој момент најважно од сé е да опстанеме како здрав економски субјект, а условите за бизнис во наредниот период ќе ги детерминираат следните деловни чекори на Адора инженеринг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×