455 домашни компании кои конкурирале на јавниот повик за комерцијализација на иновации, од ФИТР, влегуваат во фаза на претселекција
Објавено на од во Економија
Во фазата на прво оценување, 455 домашни компании кои конкурирале на јавниот повик за комерцијализација на иновации од ФИТР, влегуваат во фаза на претселекција.
FITR_logo_1207 се микро, 221 мали, а 27 средни компании. 56% од компаниите се регистрирани во главниот град, додека останатите се распоредени низ 30 општини во земјава.
Планираниот, вкупен обем на инвестиции кај овие компании е над 102 милиони евра, од што 67% се со учество на Фондот, додека 33% или повеќе од 33 милиони евра се сопствени средства на апликантите. Иницијално предвидениот буџет за јавниот повик е 5 милиони евра, со што аплицираниот износ го надминува над 13,5 пати.
При презентацијата на првичните резултати по затворањето на јавниот повик на крајот на мај, директорот на ФИТР, Јован Деспотовски тогаш нагласи дека “Овие рекордни бројки, од интересот на компаниите на јавниот повик, се знак на доверба во процедурите и инструментите на ФИТР, како и показател дека домашните компании имаат потреба од финансиска поддршка и се подготвени да инвестираат и сопствени средства во развој и иновации.“
Претселекцијата е веќе започната и за истата се ангажирани 95 надворешни стручни лица во 22 економски дејности. Стручните лица се ангажирани на јавен оглас реализиран од страна на ФИТР во 2018 година. Нивна задача е да ги разгледаат и оценат проектите согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликант и влијание на проектот.
Секоја апликација се разгледува од три стручни лица одделно. Проектите кои ќе добијат минимум 51 поен во просек, преминуваат во финална фаза, во која Комитетот за одобрување на инвестиции-независно тело составено од тим од пет странски експерти ќе ја донесе конечната одлука за финансирање на предлог-проектите.
Јавниот повик се реализира во рамки на Планот за економски раст на Владата, во чие финансирање од оваа година се вклучи и Светската банка како финансиски партнер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×