Connect with us

менаџмент / маркетинг

5 ВИСТИНИ ЗА ЛИДЕРСТВО ШТО СЕКОЈ МЕНАЏЕР ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕ

Кога последен пат си го проверивте вашиот стил на лидерство и пристапот кој го користете за да ги инспирирате и да ги водите вашите вработени?

објавено

на

Кога последен пат си го проверивте вашиот стил на лидерство и пристапот кој го користете за да ги инспирирате и да ги водите вашите вработени? Вашето лидерско однесување и вашите перформанси влијаат на многу луѓе.

Кога последен пат си го проверивте вашиот стил на лидерство и пристапот кој го користете за да ги инспирирате и да ги водите вашите вработени? Вашето лидерско однесување и вашите перформанси влијаат на многу луѓе и можеби и самите не сте свесни колку е големо вашето влијание. Следните пет вистини за лидерството може да ве инспирираат да ги преиспитате и подобрите вашите пристапи.

1. Лидерите мора постојано да учат и да созреваат Лидерството бара работа.

Секој лидер има вештини кои му помагаат да води. Но, секој лидер исто така не е безгрешен и може постојано да ги подобрува своите вештини. Важно е многу да се прифати дека вие ќе погрешите некаде. Како реагирате и како ги адресирате грешките ве дефинира вам како лидер. За добрите лидери добредојден е фидбекот и конструктивната критика од луѓето во кои имаат доверба- и се подготвени да се подобруваат постојано. Исто како што очекувате вашите вработени да се по-добруваат и развиваат со текот на времето, вие исто така треба да созревате како индивидуа и како менаџер. Барајте можности од кои може да научите повеќе вештини. Лидерите, исто како и оние што ги водат, мора да ги држат своите вештини изострени за да можат да создадат успешен тим.

2. Вашиот успех зависи од успехот на вашиот тим

Сигурно до сега сте ја слушнале изреката „ланецот е толку силен колку и неговата најслаба алка“. Оваа изрека е вистина позади клучот за добро лидерство- вие не можете сами. Сфатете дека не можете да биде се за сите, да го контролирате секој аспект од работата и да обезбедете успех во вашата компанија. Успехот на вашата компанија или пак неуспехот е во рацете на оние кој го водат секој аспект од бизнисот на дневна основа. Секој на секое ниво во бизнисот треба да има моќ да влијае на тоа кон што ќе прерасне вашата компанија и како таа ќе работи.

3. Инвестирање во вашите луѓе е инвестирање во вашата компанија

Замислете го потенцијалното влијание на вашата кариера ако бевте одредени и едуцирани за лидерство уште од самиот почеток. Во вашата моментална позиција, вие имате можност да им помогнете да се создадат и созреат другите, со тоа што ќе ги ставите на патот на идниот успех. Размислете да создадете програма за менторство каде вработените од повисокиот ранг ќе ги водат и ќе ги советуваат помалку искусните членовите од тимот, подготвувајќи ги нив за идни лидери во компанијата. Можеби се чувствувате инспириран да понудите едукациски можности за вработените кои се подготвени да прифатат такви предизвици. Без разлика која тактика ќе ја употребите, не ги ограничувајте методите кои ги употребувате да инвестирате во вработените, бидејќи секој вработен има посебни потреби и вештини. Лидерот кој ги цени своите вработени како нешто во што треба да вложува и инвестира ќе ги види позитивните резултати во годините кои доаѓаат.

4. Лојалноста се стекнува, не се заслужува

Лидерите честопати се плашат да инвес-тираат „премногу“ во нивните вработени, оти може тие да си замина и да работат на друго место. Лојалноста е драгоцен фактор во превенирање на овој вид на ротации но оваа лојалност треба да биде стекната. Вие не може да очекувате дека вработените ќе го изберат најдоброто за компанија пред да го изберат она што е најдобро за нивната сопствена иднина. Затоа, мора да ги доведете во линија овие две цели, осигурувајќи дека ставањето на нивните најдобри вештини за постигнување на успехот на компанијата е всушност во нивен најдобар интерес. Кога инвестирате во индивидуалци кои работат за вас, вие инвестирате во компанијата и ја стекнувате нивната лојалност во исто време. Како инвестирате во нив зависи од вашата креативност и вашите ресурси, но клучниот фактор е да им дозволите на вашите вработени да видат дека имате искрени намери да инвестирате во нивниот развој и на полето како вработени и на полето како индивидуалци.

5. Бидете пример

Примерот што вие го поставувате ќе биде следен и веројатно дури и преувеличен од вашите вработени. На пример, ако често ја играте „играте на обвинувања“ и влеете страв од неуспех кај вашите вработени додека развивате култура на обвинување, тие во себе ќе ја создадат истата нездрава тактика во однос на работата и работните односи. Ефектот на вашите навики може да биде вчудоневидувачки. Лидерите кои имаат принципи и вредности- и живеат по истите- добиваат многу повеќе респект отколку оние што не го прават тоа. Лидерот секогаш треба да се однесува на оној начин како што очекува неговиот тим да се однесува со него.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки3 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите