Connect with us

македонија

5 причини зошто становите во градба се одлична инвестиција

објавено

на

Доколку сте во потрага по нов дом кој ќе внесе потполно нова енергија, свежина и перспектива во вашиот живот, становите во градба се вистинскиот избор за вас. Инвестицијата во недвижност во изградба отвора широк спектар на можности кои ќе ви обезбедат избор на персонализиран дом, но и можност за зголемена финансиска вредност.

Во таа насока ви претставуваме 5 важни причини зошто становите во градба се одлична инвестиција. 

Добивате потполно нова градба без потреба од дополнителни вложувања

Доколку се одлучите вашиот иден дом да биде стан во градба добивате одлична поволност, бидејќи со тоа се стекнувате со новоградба во која не е потребно да правите дополнителни вложувања. Новите градби се изработуваат од современи материјали кои се одликуваат со квалитет и енергетска ефикасност, со што вашите трошоци во иднина дополнително ќе бидат намалени. Во новите градби се поставуваат нови инсталации на струја и вода според последните стандарди во градежништвото, така што идните корисници ќе немаат потреба да се изложат на дополнителни трошоци. Повеќето инвеститори практикуваат при изборот на фината изработка, односно плочките и санитариите во домот да ги консултираат и идните сопственици, со што тие ќе имаат можност да дадат сопствен печат во својот иден дом.

Повoлни кредити за отплата на рати

Становите во градба може да се стекнат и преку поволни кредити наменети специјално за недвижности во изградба. Со тоа градењето на финансиска конструкција за набавка на нов дом станува многу полесно и подостапно.

Во моментов постои одлична можност преку станбените кредити на банките партнери на инвеститорот на комплексот „Гранд Скопје“ – МГ Фешн да се стекнете со дом во објектот „Гранд Ривер“, преку одлични услови креирани во согласност со македонските стандарди.

Овие станбени кредити нудат бројни поволности, како: најдолг рок на отплата, атрактивна месечна рата, гарантирана каматна стапка, ослободување од административни и нотарски трошоци за одобрување на кредитот итн. Повеќе информации за нив се достапни на GRAND Кредити – Grand Skopje.

Добивате безбеден објект според современи стандарди

Освен квалитетната градба во согласност со најновите технолошки достигнувања, новоградбите поседуваат и одлични услови во однос на одржувањето и безбедноста на објектите, кои не можат да се најдат кај постарите градби. Објектот „Гранд Ривер“, кој се гради во склоп на комплексот „Гранд Скопје“, поседува контролиран пристап на влез, домар и обезбедување 24/7, како и безбедносни камери и алармни системи кои вашето домување ќе го направат сигурно и безгрижно. Новоградбите полесно се одржуваат од аспект на чистота, па така во заедничкиот внатрешен простор ќе бидете сигурни дека ќе наидете на чисти површини кои вашето живеење ќе го направат пријатно и удобно.

Креирате дом во согласност со вашиот карактер и визија

Доколку се одлучите да инвестирате во дом кој е во фаза на градба со сигурност ќе можете да знаете дека добивате дом во кој вие ќе бидете први жители, катче каде вие ќе можете да ја креирате својата приказна и потполно нова енергија креирана за нови почетоци и успеси. Откако ќе ја направите уплатата за вашиот дом во градба и ќе ја дознаете временската рамка кога ќе биде тој готов, ќе имате доволно време да се посветите на неговото внатрешно уредување. Набавката на мебел и декорација за вашиот дом нема да биде стресна, туку напротив ќе имате време да уживате во изборот на материјали кои ќе го красат вашето живеалиште и ќе му дадат посебен декор и шарм.

Повисока вредност откако објектот ќе биде изграден

Новоградбата, квалитетните материјали, можноста за поволни услови за купување ги прават недвижностите во градба атрактивен тип на инвестиција. Со инвестиција во стан во градба можете да биде сигурни дека кога објектот ќе биде завршен ќе добиете недвижност со повисока вредност од онаа што сте ја вложиле. 

Ова е посебно изразено во последниот период кој се карактеризира со голем раст на цените на становите. Така, според официјалните податоци на Народна банка, цените на становите во земјава во третиот квартал од 2022 година пораснале дури 21,2 отсто во однос на истиот период минатата година, а предвидувањата на експертите се дека овој тренд ќе продолжи и во иднина.

Порастот на цените на недвижностите експертите го препишуваат на политичко-економските фактори, ограничениот број на локации за градба, порастот на цените на градежните материјали, но и на работната сила која сѐ почесто заминува во странство.

Овие информации говорат дека можете да бидете сигурни оти инвестицијата која сега ќе ја направите со тоа што ќе се решите вашиот иден дом да биде недвижност во градба со сигурност ќе ви се исплати.

Сите оние што се во потрага по нов дом кој е во градба на неповторлива и атрактивна локација во строгиот центар на Скопје можат да добијат персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да го контактираат тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: info@grandskopje.mk.

економија6 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија14 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании18 часа ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет18 часа ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион18 часа ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија18 часа ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија18 часа ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија18 часа ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју18 часа ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија18 часа ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија7 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

свет3 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

интервју18 часа ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија18 часа ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

економија18 часа ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал