5 лекции за иновации од Харвард
Објавено на од во Start-up

 

Jodi Goldstajn WEB 956Еве што студентите на престижниот универзитет на Харвард учат за тоа како да креираат околина во која иновациите можат да се развиваат.

 

Џоди Голдстајн знае малку повеќе работи за иновациите. Со повеќе од 20 години искуство како претприемач и инвеститор во хај-теч бизниси со фокус на потрошувачката технологија, таа има лидерски позиции во неколку стартапи, вклучувајќи ги PlanetAll, сајт за социјални контакти кој во 1989 година се продаде на Amazon за повеќе од 100 милиони долари. Таа сега ја раководи Harvard Innovation Lab (I-Lab) или Лабараторијата за иновации на престижниот Универзитет Харвард, која е основана вo 2011 година со цел да се поттикне интересот кај студентите за иновации и претприемништво и да се поддржат да развиваат креативни идеи кои ќе ги реализираат.  “Има многу различни идеи. Моментално претприемачите на лабораторија на Харвард работат на идеи од креирање на иновативна храна и закуски па се до подобрување на животите на оние вклучени во армијата”. Оваа Лабараторија за иновации досега послужила како инкубатор за повеќе од 600 стартапи откако е основана. Во сите овие години, Голдстајн научила некои важни лекции за тоа како да создадете атмосфера каде што иновациите се реализираат и растат. Еве седум од најважните лекциикои би можеле да им помогнат оние кои влегуваат во бизнисот со добра бизнис идеја.

Бидете како сунѓер

Иноваторите се интелектуално љубопитни и се трудат да апсорбираат нови информации кои можат да им помогнат во реализацијата на нивните идеи. Лабараторијата за иновации во Харвард има редовни мониторинг програми за да им помогне на иноваторите да учат онолку колку што сакаат.
Дури и кога немате бенефит од лабораторијата, постојаното барање на информациите кои ви се потребни и луѓе кои можат да ве научат на клучни вештини е многу важен дел од иновативноста..

Бидете фокусирани

Големите идеи се добри, но поголемиот дел од нас имаат лимитирани ресурси. Обидувањето да се биде следниот Амазон или Гугл од самиот почеток само ќе доведе до пребрзо прегорување и фрустрација. Наместо тоа, обидете се со пофокусиран пристап и почнете од таму да растете. Ако сакате да ги поставите основите за голема идеа, фокусирајте се на развивање на еден сегмент од таа идеја се додека тоа не пушти цврсти корења. “Одберете фокус и бидете едноставни”, вели Голдстајн.

Конкуренцијата е добра

Конкуренцијата може да создаде чувство на важност и мотивација која може да поттикне иновации. Голдстајн им вели на студентите дека фактот што имаат конкуренција на пазарот значидека некој друг веќе имал иста идеја и дека успеал да најде пазар за нејзе. За да успеат, ќе треба само да бидат подобри од конкуренцијата.
Лабараторијата на Харвард исто така им дава на студентите реални проблеми со кои веќе се соочува некој друг и се формираат тимови кои треба да го најдат најдоброто решение. Овој вид на креативни вежби и работење во тимови во конкурентна средина може да развие посебни вештини ориентирани кон решавање на проблеми, што го поттикнува иновативното размислување.

Идеите се одлични, но реализацијата е најважна

Многу луѓе може да имаат навистина добра идеја. Но, вистинската можност за иновација зависи од тоа како ќе ја реализирате таа идеја, односно од тимот кој ќе успеете да го составите, од тоа како ќе го формирате производот или услугата, како тие ќе бидат испорачани…

Да се биде подобар е прилично хаотично

Оние кои студирале или студираат на Харвард не се баш навикнати на неуспеси. Голдстајн ги охрабрува да ги надминат неуспесите. Да се биде креативен и иновативен значи дека ќе се обидете на направите многу работи кои не функционираат. Мора да развиете повеќе прототипи кои не функционираат и да се обидете со повеќе различни пристапи. Ако дозволите вашите чувства да бидат повредени заради тоа што вашиот прв обид бил очаен, тогаш нема да бидете во состојба да се ослободите и да бидете вистински иновативен.

 

 

 

 

[/freetext]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×