5% повисоки плати за вработените во рудникот САСА
Објавено на од во Економија

Менаџерскиот тим на рудникот за олово и цинк САСА донесе одлука за ново зголемување на месечните примања на сите вработени за 5%, почнувајќи од 1 јануари оваа година.

Rudnik_SASA-vlez-vo-kompleks

Зголемувањето, како што соопштуваат од компанијата, платите во рудникот САСА ќе бидат и до 30 % повисоки од просечните плати во рударската индустрија во земјава.

-Зголемувањето на платите на сите вработени во рудникот САСА започна во април минатата година, кога раководството на компанијата ја објави динамиката по која ќе се одвива овој процес.

-Со најновата одлука за покачување на платите на сите вработени потврдуваме дека остануваме доследни на нашите ветувања и заложби за унапредување на благосостојбата и социјалната сигурност на сите вработени во САСА. И во оваа пригода можам да потврдам дека благосостојбата, заедно со безбедноста и здравјето на сите вработени остануваат наши највисоки приоритети во кои ние и понатаму ќе продолжиме да вложуваме, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

-Покрај во покачување и усогласување на платите по работни позиции, рудникот САСА во изминатиов период направи и дополнителни вложувања во осовременување на системите  за организиран превоз и исхрана на вработените, како и во останатите сегменти кои имаат влијание врз унапредувањето на вкупните услови за работа во рудничкиот компекс, наведуваат од компанијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×