5 ризици кои ги преземал Марк Закерберг при градењето на Facebook
Објавено на од во Инвестиции

Во раните денови на Facebook, стартувањето и водењето на оваа компанија беше ризик, игра на стратегија, коцкање и глобална доминација.

Судејќи според начинот преку кој Facebook успеа да порасне и да го освои светот, не треба да бидеме изненадени доколку откриеме дека Марк Закерберг во текот на градењето на својата империја, презел многу ризици. Еве пет лекции кои ги издвојува Еntrepreneur.com , a од кои може повеќе да научете за преземање на претприемнички ризик.

  1. Ограничувајте ги вашите обложување преку тестирање на вашата идеја

Во 2004 година, кога Facebook беше лансиран (токму на денешен ден) една од првите одлука што Закерберг ги донесе беше да побара регистрација на сајтот преку употреба на е-мејл адреса. Тоа тогаш звучеше лудо. Кога вие развивате продукт, сакате што е можно повеќе луѓе да сакаат да го употребуваат. Сакате да растете брзо, па затоа вообичаено е да ја правите регистрацијата што е можна полесна.

Но Закерберг направи рестрикција за неговата публика.

Тешко е да ги натераш луѓето да користат нов продукт. Уште потешко е да ги убедиш да употребуваат стар продукт кој веќе ги има разочарано – прашајте ги последните сопственици на MySpace. Но Закаерберг ја ограничи публиката само на студентите од Харвард и не само тоа, поради регистрацијата преку мејл, тој ги натера да го употребуваат нивниот вистински идентитет.

  1. Што порано го преземете ризикот, помала е загубата, а поголеми се придобивките

Доаѓањето на виртуелната реалност од денешна перспектива изгледа како нешто што е неизбежно. Таквата реалност се уште не е овде, но со пуштањето на првиот уред за виртуелна реалност Oculus Rift, таа станува се поблиску. Таа сигурно не изгледала како што Закерберг ја замислувал кога ја стартувал својта компанија и инвестираше 2 милијарди во неа.

Закерберг верува дека содржината ќе биде многу интерактивна во догледно време. Затоа тој го фаворизира видеото , а појавувањето на видеата на Facebook пораснаа за два пати во последните седум месеци од 2015 година. Тој верува дека виртуелната реалност е следниот голем чекор.

Ова значи дека на самиот почеток тој направил коцкање, кое можело да оди во два различни правци – тој можел да почека кога технологијата ќе дојде најблуску што може до виртуелна реланост и да купи фирма по повисока цена, или да купи таква фирма и да плати помалку. Тој го избра вториот начин – порано вложи во овој сектор, во услови кога ризикот беше многу поголем но цената беше доста помала. Тоа е лекција за сите нас.

  1. Губете брзо, учете и бидете попаметни

risk-rewardНе сите коцкања што ги направи Закерберг беа успешни. Една таква беше при создавањето на публика од корисниците на мобилните телефони. Тогаш Facebook стратегијата беше да се употребува HTML 5 што значи дека игрите создадени за платформата ќе може да се играат преку мобилните телефони без да се употребува Flash. Toa изгледаше како паметен чекор, но не беше така. Па тој ја смени стратегијата. Тој почна да се фокусира на правење приходи од развивачите на игри. Така Facebook денес е мобилна компанија која доминира меѓу мобилните интернет страни.

Кога вашиот ризик не се исплати, мора да научите од грешките и да преземете нови чекори што е можно побрзо.

  1. Не се коцкајте на вашите вработени

Претприемачите се коцкаат секогаш кога вработуваат нови луѓе. На кратката биографија стојат многу вештини,  но многу потешко е да се каже дали вашиот вработен ќе работи со пасија и посветеност каква што им треба на компанијата. Шерил Сендберг во едно американско списание открива како Марк Закерберг и понудил одлучна плата и бенефиции за да стане главен оперативен шеф -  но таа одбила. Таа го послушала својот сопруг, ЦЕО во Силиконската долина, се вратила назад и побарала повеќе од Закерберг.

Закерберг воопшто не трепнал. Тој веднаш и платил толку колку што таа побарала. Според него да се има одличен вработен е сигурна работа, оти кога држете кец во рака, секогаш можете да се обложите поголемо.

  1. Не се плашете да правите големи чекори

Facebook можеби почна како мал ризик, но едно од првите коцкања кое го презема Закерберг дојде многу брзо после основањето – и беше големо коцкање. Дипломата од Харвард ќе му отвореше работно место какво сака и со висока плата што ќе го обезбедеше за цел живот. Но тој се откажа од тоа, за да му се посвети на Facebook.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×