5 ситуации кога мора да дадете отказ
Објавено на од во lifestyle

Напуштањето на стабилноста на старото работно место секогаш со себе носи стрес и неизвесност. Но, понекогаш ситуацијата излегува од контрола, па веќе ниту платата, каква и да е, не е доволна причина да останете на работното место.

Ова се 5-те знаци кога е најдобро да ја напуштите работата што побрзо:

Quit

1.  Работата ви штети по здравјето

Здравјето е најважната работа во животот. Речиси на секое работно место постои период на зголемен стрес кога работите подолгo, повеќе и поинтензивно отколку што е тоа вообичаено. Но, тогаш кога вашето физичко здравје почнува да биде видливо полошо, а кошмарите во главата вообичаена работа, можеби е време да ја промените работата.

2. Не можете да постигнете ништо

Напредокот во кариерата секогаш за некои ќе биде поважно од другите, но за оние со повеќе амбиција, фрустрирачки е доколку заглават на работна позиција која не води никаде. Бесполезно да се седи во канцеларија 8 часа може да доведе до демотивација, депресија и губење на самодовербата.

3. Не постои страст

Голем број луѓе ја прифаќаат првата работа која им е понудена. Тоа е и разбирливо со оглед на тоа во какво време живееме. Но, исто така често тоа значи дека работата ќе ја завршуваме со половина сила или воопшто нема да ја работиме и така ќе си наштетиме на самите себе, но и на целата организација. Тие кои навистина си ја сакаат работата, ќе ги завршат задачите подобро од вас, оти ќе вложат повеќе труд, а вие ќе бидете разочарани и помалку ќе заработувате.

Бидејќи на работното место поминувате речиси половина од денот, и тоа во периодот кога физички и психички сте во најдобра форма, ако постојано сте незадоволни, време е да променете нешто.

  1. Проблеми со колегите

Многу важно за работата е и работната атмосфера. Енергијата на луѓето околу вас влијае и на вашето здравје, расположение и работна активност. Ако се наоѓате во средина во која луѓето не ве мотивираат, имаат негативен став или уште полошо, прават некаков вид на мобинг врз вас, вие се наоѓате во безизлезна ситуација и најдобро е да дадете отказ. Без разлика на тоа колку заработувате.

  1. Други опции ви изгледаат попримамливо

Доколку сте еден од оние среќници кои имаат повеќе понуди за работа, размислете за нив дури и ако старото работно место и не ви е така лошо. Ако чувствувате дека на друго работно место може да понудите повеќе и да бидете посреќни, секако искористите ја понудената шанса. Ако не го направите тоа, еден ден ќе ви биде жал.

One thought on “5 ситуации кога мора да дадете отказ

  1. Ова важи за земјите со повисок животен стандард, во Македонија, каде поголем процент од населението нема леб да јаде ќе ќути и ќе тера.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×