„50 ГОДИНИ ОД ПРВИТЕ ЧЕКОРИ“ – Адинг прослави голем јубилеј
Објавено на од во Компании
Годинава АДИНГ одбележува 50 години од своето постоење и основање. Како дел од целата јубилејна кампања на компанијата, се одржа и главниот настан, насловен како „50 ГОДИНИ ОД ПРВИТЕ ЧЕКОРИ“.
13
Настанот се случи во „Музејот на современата уметност“, во присуство на голем број гости, претставници на компании соработници од поширокиот регион и земјава, владини претставници, државни институции, факултети и останати научно-истражувачки институции.
 50 годишната успешна приказна, беше раскажана низ една симбиоза на  уметнички танцови и оперски елементи, поткрепени со уникатен визуелен перформанс од наши врвни уметници, како и краток корпоративен филм.
 „Како што дел од вас нѐ нарекуваат, ние сме градежни фармацевти, ние сме превенција, но и лек за градбите. Ние сме специфично јадро сочинето од градежници, архитекти, технолози, хемичари и други професионалци, кое пред себе има поставено една цел, да бидеме „состојка на секоја градба. Денес по 50 изминати години на АДИНГ, од кои лично сум вклучен во него 40 години, во едно сум сигурен и истовремено горд: Имаме иднина, успеавме, пренесовме знаење! Оставивме зад нас и ‘заразивме’ со ентузијазам нови генерации. Денес сум убеден повеќе од било кога, дека еден ден навистина и ќе бидеме ‘состојка на секоја градба’! “ – изјави во својот краткор поздравен говор, генералниот директор и претседател на УО, г-дин Благоја Дончев.
 Присутните имаа можност да уживаат и во ексклузивната изложба на делото „Глава на Жена“ (1963 г.) од Пабло Пикасо, дел од богатата и вредна колекција на „Музејот на современата уметност“.
АДИНГ е компанија за производство на хемиски материјали за градежништвото, која е основана на 30.05.1969 г. и е еден од ретките примери на домашни компании кои можат да се пофалат со 50 годишно постоење. Со долгогодишно постојано присуство на повеќе од 13 пазари во регионот на Југоисточна Европа, но и многу пошироко, ова е еден од примерите на скриени амбасадори и промотори на нашата земја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×