531 евро месечно се потребни за основни животни потребни, анализира ССМ
Објавено на од во Економија
За  четиричлено семејство во јули годинава да ги покрие основните животни потреби му биле потребни во просек 531 евро, покажуваат најновите податоци за минималната кошничка кои ги подготвува Сојузот на синдикатите на Македонија ( ССМ ).
siromastija-640x320Најмногу едно четиричлено семејство троши за исхрана 13.574 денари, за сметки за домување 10.409 денари, за хигиена 2.306 денари, за превоз 2.408 денари, за облека и обувки 2.177 денари, за култура 1.070 денари и за одржување на здравје 706 денари.
Или, од вкупните минимални трошоци од 32.710 денари, 23. 983 или 390 евра се само за исхрана и за сметки. Според Државниот завод за статистика во мај годинава просечната нето исплатена плата изнесувала 25.270 денари или 411 евра.
Плати пониски од 20.000 денари се исплаќаат во секторите: земјоделство, шумарство, сервисни дејности со храна, објекти за сместување, административни и помошни дејности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×