533% зголемен профитот на Turkish Airlines во 2018 година
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Turkish Airlines, основана во 1933 година, сообраќа на 306 дестинации во 124 земји во светот и располага со флота од 337 патнички и товарни авиони.
Istanbul, Turkey - Jun 2012Турскиот национален авиопревозник, Turkish Airlines минатата година забележа скок на нето профитот од 533%, пишува агенцијата Анадолија.
Нето добивката на компанијата во 2018 година достигна 753 милиони долари, додека во 2017 година добивката изнесуваше 223 милиони долари.
Оперативната добивка на авиопревозникот, исто така, забележа пораст од 73,5% и се позиционираше на 1,4 милијарди долари во 2018 година. Компанијата минатата година прокнижи приходи во висина од 12,85 милијарди долари, за разлика од 2017 година кога тие беа на ниво од 10,95 милијарди долари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×