Нарцисоидноста може да биде малигна и деструктивна
Објавено на од во lifestyle

 

prof.d-rChepreganovMetodi

Проф. д-р Методи Чепреганов

Агресивноста во интерперсоналните односи (3дел)

Не постои поголем самоуништувач од самољубието, гордоста, зависта или, со еден збор, нарцисоидноста, особено од малигната нарцисоидност.
Терминот нарцисоидност означува човечки деструктивни нагони, односно извршување на задоволство од суета, егоистичен восхит на сопствените физички или ментални атрибути, кои произлегуваат од арогантност и гордост. Таквата личност живее за конфликти и се храни со   конфликти. Конфликтуозните состојби кои самата ги креира и режира, се нејзина   насушна и душевна   храна. Малигните нарциси прават невозможни напори, со лаги, со манипулации, со интриги, со подметнувања, дури и со спремност за   убиство, за да ја   постигнат својата замислена цел.

 

Проф. д-р Методи Чепреганов

 

Агресијата е интелектуална немоќ за справување со соговорникот, отсуство на знаење, немање ментален капацитет и концентрација, култура на комуницирање и однос кон дијалогот во меѓучовечките односи.

Во најширока смисла на зборот АГРЕСИЈА е начин на однесување, размислување, делување со силен непријателски набој кон соговорникот.

Како заклучок, во денешниот насилен свет, исполнет со убиства и насилство, агресијата би морале да ја сметаме како збир од бројни фактори, помеѓу  кои доминира интелектуалната немоќ и недостатокот на инкорпорирани социјални, морални, етички   и духовни   норми,  од што резултира неспособност да се разговара, да се преговара и да се донесе соодветен заклучок, без агресија   и насилство.

И не постои поголем самоуништувач од самољубието, гордоста, зависта или, со еден збор, нарцисоидноста, особено од малигната нарцисоидност.

Терминот нарцисоидност означува човечки деструктивни нагони, односно извршување на задоволство од суета, егоистичен восхит на сопствените физички или ментални атрибути, кои произлегуваат од арогантност и гордост. Таквата личност живее за конфликти и се храни со конфликти. Конфликтуозните состојби кои самата ги креира и режира, се нејзина насушна и душевна   храна.

Нарцисоидност е себеобожување, себеугодување, извршување на своите должности само и единствено за своја сопствена корист, личноста, чувствата ги доживува само како сопствени желби, потреби и сé она што е во врска само со неа самата, со нејзиното тело, а сé друго, што не е нејзино, не е вистинско и тоа станува афективна тежина во нејзините интимни доживувања.

Сé што ѝприпаѓа на таа личност, има значење, а останатите се без какво било значење, беспредметни и неважни, на таквата личност ѝ недостасува способност за објективност и реалност, а во колку таа  личност биде загрозена, таа реагира со интензивно лутење и бес, станува гневна, никогаш не заборава навреда и има огромна желба за одмазда.

Особините  на нарцисоидната личност се именуваат со гордост и тврдоглавост, интолерантност, заробени во егото, голема суета   и  инает, за жал, особини од кои страдаат сите околу него.

Малигната нарцисоидност е особено опасна по  опкружувањето, насекаде во светот во секојдневните интерперсонални односи, дома, на работа, на улица.

Групната нарцисоидност е позастрашувачка

Малигните нарциси прават невозможни напори, со лаги, со манипулации, со интриги, со подметнувања, дури и со спремност за   убиство, за да ја постигнат својата замислена цел. Умеат да се однесуваат, со однос  кој е  апсолутно лажен  и лицемерен, исклучиво за постигнување на својата цел.

Фонот на нивните карактерни особини е крајно специфичен, без трошка на морал, етика и воспитание: многу лажат, инсценираат, лажно обвинуваат, умеат да ги драматизираат собитијата, многу клеветат, мамат, крадат, манипулираат, обвинуваат, окривуваат, ги превртуваат работите, само со една цел да го добијат  и остварат тоа што го сакаат и  да имаат некакво   оправдување. Она што го  прават е крајно егоцентрично и полно со злоба  и  омраза, но тие  личности тоа никогаш не го доживуваат како погрешно. Нивната цел е да ги задоволат своите желби, а ако се спречени многу свирепо се  одмаздуваат. Никогаш не покажуваат желба и склоност за разбирање во  интерперсоналните  односи, за меѓусебно договарање, за почит, за емпатија. Малигно нарцисоидната  личност никогаш нема чувство за вина, туку обратно во секоја  конфликтна ситуација, таа умее да  ја окриви секогаш другата страна.

Сепак, во секојдневното живеење многу позастрашувачка е групната нарцисоидност, која создава еден многу опасен феномен на солидарност и кохезија на една одредена група или популација .

На ваков начин “созреаната група” е многу лесна за манипулација и злоупотреба, ништо не може да ја стопира, особено кога ќе се појави и градацијата фанатичност и фанатизам, како еден од најкарактеристичните квалитети на групната нарцисоидност.

Таа се создава многу лесно и “многу евтино”, практично, во сите општества. Потребно е само да се најде или да се “роди” идеолог кој ќе ги формулира паролите што ја раѓаат групната или општествената нарцисоидност. Најчест мотив е националната самобитност, “нацијата и нејзиното постоење како идол и светост”.

За жал, сите знаеле дека апсурдот ќе ги уништи и едните и другите, но, сепак, тргнуваат по патот на ирационалноста (!!!). Разумот едноставно исчезнува .

Идејата “зрее” од ден на ден и конечно постигнува една усвитеност на масовна хистерија, којашто повеќе не може да се контролира, бидејќи општествената свест е веќе значително редуцирана, не ретко сосема изгубена, логиката и реалноста кај поединецот повеќе не постојат, масата може да се манипулира до максимум. Таа е подготвена да убива, да линчува, да пустоши, во името на барањето, правата и идеалите поставени од водачот. Нема сила што може да ја контролира усвитената масовна хистерија, кај која што нема логично размислување, свеста е до максимум стеснета, а со тоа и манипулацијата е максимално можна. Има безброј примери во светската историја, коишто на дело ги покажуваат дејствијата на усвитената масовна хистерија, војни, штрајкови, протести, навивање со дивеење по стадионите итн.

Има ли решение за човековата деструкција?

Логично е да се постави   прашањето: Има ли решение за човековата деструкција?

Секој поединец има потреба од задоволување на своите егзистенцијални потреби, коишто се манифестираат преку човековите страсти: независност, вистина, омраза, нежност, желба за правда, нарцисоидност, деструктивност.

Тоа се, всушност, човечките страсти кои се интегрирани во човековиот карактер, кој претставува еден релативно постојан систем на сите неинстинктивни тежненија, со помош на кои човекот се однесува кон човечкиот и природниот свет.

На поединецот му е потребна патоказна карта за неговиот природен и општествен свет, без која би бил неспособен да делува и да твори. Но, се чини дека таа патоказна карта не би била доволен водач за акција, ако ја нема јасно дефинираната цел, каде и кон што треба да оди, како да расте и да созрева.

Животните го немаат тој проблем, бидејќи инстинктите им се и карта и цел.

Човекот има мозок кој му овозможува во кој правец да оди, каде и кон што да се стреми. Потребен му е пат што ќе го восхитува, постојано ќе го одржува, тој навистина нема потреба од некоја прокламирана транзиторна вредност, таа е минлива, листопадна, туку обратно, нему му е потребна вистинска вредност, вредност што восхитува и е постојана.

Тој пат на восхит и почит треба да ја обединува неговата енергија, да го издигнува над неговата сопствена егзистенција и да му дава значење на неговиот живот .

Целта на технологијата е да се скроти природата, за да донесе информации и удобност за човечките суштества.. Науката дава увид во животот на природата, а духовноста прави природата да оживее. Технологијата, без духовност е деструктивна, а духовноста е технологија на свесноста, така и целиот свет е претстава и прикажување на свесноста.

Сепак, за жал, и покрај сите предупредувања, се чини дека човекот и понатаму го следи апсурдот и ирационалноста на неговата сопствена деструкција, бидејќи таа енигма, родена во него и за него, за сопствено уништување, била и останува нерешлива и, пак, за жал, вековно присутна.

Енигмата за агресијата во нашите секојдневни интерперсонални односи е  наша, а одговорот, со можните идни решенија, е во нас!

П.С.

Во сите држави на мајката Земја планета се поставува прашањето: дали деструктивноста како карактеролошка особеност остава секвели и има реперкусии во секојдневниот живот на обичниот граѓанин ? За жал насекаде во светот одговорот е многу позитивен и има крајно негативни последици, со два можни одговора:

-       реален (психолошки), и

-       нереален (политички : власт, профит, личен интерес, асоцијални карактерни промени со параноја   и малигна   нарцисоидност).

Во овој контекст психолозите  и  психијатрите поставуваат дополнително прашање, имено: кој и каков е епилогот?

Одговорот е   повеќе од трагичен бидејќи страда народот, кој е разделен, расцепен, нема интерперсонална хармонија, нема почит, нема емпатија, нема толеранција, а флексибилноста и логичното   мислење се  комплетно изгубени.

При ова изгубени се работни саати, намалена е работоспособноста, настануваат  бројни конфликтни состојби, разделени фамилии, разделени пријатели, лоши односи на работното место   и она   што е  најтрагично деструкцијата,  агресијата и ароганцијата во   интерперсоналните секојдневни односи, како пролонгиран стресоген фактор предизвикува  бројни психосоматски болести, од  кои за жал страда обичниот граѓанин.

(Крај)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×