58,7 милиони евра странски инвестиции во првиот квартал
Објавено на од во Економија

Во првите три месеци од годината странските инвеститори вложиле во Македонија 58,7 милиони евра, објави Народната банка. Салдото во првиот квартал годинава е за 8,3% помало во споредба со истиот период лани.

По одделни земји, најмногу странски инвестиции се регистрирани од Лихтенштајн, и тоа 7,6 милиони евра, од Италија 4,35 милиони евра и од Австрија околу 3,4 милиони евра. Во исто време евидентиран е одлив од околу 23,6 милиони евра кон Холандија.

По дејности, најмногу странски инвестиции имало во секторот возила и транспортна опрема и тоа 15,29 милиони евра, 15,1 милиони во дејноста со моторни возила, во градежништвото 12,88 милиони евра, текстилот 3,06 милиони евра, 2,55 милиони евра во финансиското посредување, освен осигурувањето.

Околу 29 милиони евра пак, се одлеале надвор од земјата од прехранбениот сектор, производството на пијалоци и тутун.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×