10 иновации што сосема ќе ја променат иднината на светската економија
Објавено на од во hi-tech & business

tema 02 WEB 907

Трендови

Погледнете ја листата  на иновации што го направи аналитичкиот оддел на Citibank, а кои што ќе го сменат начинот на кој што размислуваме за економијата.

Иновациите се двигателот на светската економија, и не може да бидеме попродуктивни без новите технологии, стратегии и пазари. Големите иновации креираат економии сами за себе, според Елизабет Курми, аналитичар во Citi Global Perspectives  and Solutions. Иновациите како “интернет на нештата“(Internet of things –IoT) и електричните автомобили почнуваат да создаваат свои пазари, но што ќе дојде следно?

 

Аналитичкиот оддел на Citibank подготви листа од 10 иновации што го имаат потенцијалот да го сменат начинот на кој што размислуваме за економијата. Од биотехнологија до енергија, погледнете ги 10-те области кои што имаат најголеми шанси за да бидат “следното големо нешто“.


1 - big-data-in-energy WEB1. Big data во енергијата

Big data е всушност базворд за аналитика на податоци. Big data може да ги промени бизнис моделите на енергетските и комуналните компании. Solar City, Tesla се само дел од компаниите што почнаа да им даваат на луѓето алатки со коишто може самите да си ги задоволат потребите за електрична енергија. Ако овој тренд продолжи, главниот извор на енергија за многумина нема да бидат класичните електрани, туку нивното соседство исполнето со соларни панели.
Електродистрибуциските фирми повеќе ќе бидат медијатори кои што ќе користат огромни бази на податоци (big data) со цел да најдат најдобар начин беспрекорно да го снабдувате со струја вашиот дом, без оглед дали изворот ќе бидат соларни панели од кај соседот или нуклеарна централа во близина на градот.


2 - contextual-commerce WEB2. Контекстуална трговија

Земете ги за пример сугестиите од типот “recommended for you“ на Amazon.com и замислете си дека тоа е проширено на вашиот фрижидер, инструмент таблата во кола или смартфонот, па ќе сфатите што е всушност контекстуална трговија (contextual commerce). Таа им овозможува на потрошувачите да купуваат продукти кога и како сакаат. Вашиот фрижидер би можел да забележи дека ви снемува млеко, па ќе ве потсети да купите. Или пак, си разговарате со пријателите на Facebook Messenger околу некоја забава на која треба да одите, а апликацијата ви сугерира да повикате такси или Uber за да стигнете до таму.
Овие типови на паметни трговски сугестии ќе бидат секојдневие наскоро и отвораат огромни можности за компаниите што сакаат да допрат до потрошувачите кога тоа ним најмногу им одговара.


3 - direct-to-consumer-marketplaces WEB3. Direct – to – consumer места за продажба

Онлајн платформата Etsy им овозможува на малите занаетчии и сите останати креативци што имаат да понудат рачно изработени производи да продаваат директно на заинтересираните, а со помош на вебсајтовите како Squarespace, малите бизниси може да направат онлајн продавница за својата понуда. Овие direct – to – consumer пазари се отвораат секојдневно благодарение на интернетот, и ќе претставуваат голема можност за развој на бизнисите што традиционално имаат тесни грла во продажбата заради големо или малопродажните трговци.


4 - epigenetics WEB4. Епигенетика

Генетски предодредените болести многу е тешко да се третираат, а фенотипски променетите гени се причина за многу видови канцери.  Епигенетските лекови се класа на медикаменти што може да влијаат врз овие промени во гените (да ги исклучат или вклучат таргетираните гени)  и на тој начин да го сопрат канцерот во неговиот прогрес, со што ќе им дозволат на останатите лекови, како имунотерапевтските третмани да ги елиминираат канцерогените клетки.


7 - the-future-look-of-devices WEB5. Идниот изглед на уредите

Екрани што се виткаат, нови материјали,  и аугментираната реалност може да придонесат кон следниот бран на промени во дизајнот на уредите. Телефоните би можеле да изгледаат како новчаници со екрани на виткање, а ТВ уредите да бидат тенки како хартија и да може да си ги носите со себе свиткани во ролна.


9 - the-smart-box WEB6. Smart box

Кога сите ваши уреди дома ќе бидат поврзани со интернет, можеби ќе ви треба начин да ги поврзете да “зборуваат“ меѓу себе. “Интернет на нештата“ подразбира предзнак “паметно“ во секојдневните технологии, но големата битка е за “кутија“  што сите овие паметни уреди ќе ги поврзе. Ако компанија како Google или Аpple може да креира стандард за овие уреди да може да комуницираат, тогаш ќе се појави пазар за направа  што сето ова ќе го поврзе меѓусебно.


5 - next-gen-ocular-delivery WEB7. Офталмолошки третмани од следната генерација

Очните болести ќе засегнат над 20 милиони луѓе во САД до 2020 година, вели аналитиката на Citibank. Ако се пронајдат нови начини за одржливи третмани на овие болести, тога може да ги замени сегашните лекови, капки и сл.

На пример, мали импланти би можеле да го нанесуваат  лекот на окото на пациентот во подолг временски период  и би создале пазар вреден околу 13 милијарди долари следните 15 години.


6 - open-source-robotics WEB8. Open – source роботика

Роботите веќе со децении извршуваат повторувачки операции за кои што е лесно да се програмираат. Со новите напредоци во роботиката на различни полиња, индустриските роботи имаат поширока технолошка база на располагање, и би можеле да извршуваат задачи што бараат поголема колаборација и комуникација. Овие иновации би можеле да го удвојат пазарот за индустриска роботика до 2020 година.


8 - thermoplastic-subsea-pipes WEB9. Термопластични подводни цевки

Вадењето нафта на големи длабочини е голем потенцијал за нафтената индустрија, но трошоците се огромни. Напредни пластични цевки може да траат подолго, поевтини се и полесно се инсталираат наместо традиционалните челични, што би можело значително да ги намали трошоците.


10 - wide-bandgap-semiconductors WEB10. Wide – bandgap  полупроводници

Силициумот  беше главен материјал досега  во полупроводниците  што ги има во секој електронски уред. Но, технологијата базирана на силициум ги достигнува физичките граници од аспект на брзината и величината.  Новитетите во полето на т.н. wide – bandgap полупроводници би можело да значат помали и помоќни микрочипови во иднина.

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×