Connect with us

менаџмент / маркетинг

6 совети како да направите добар баланс

Ковид кризата ви наметна работа од дома?

објавено

на

Работењето од дома е нова нормалност за многу луѓе. Не се работи само за опрема и процеси што се потребни; вработените се соочуваат со нови проблеми, како што е изолираноста од канцеларијата додека истовремено се борат со нови притисоци дома. Бизнис лидерите треба да размислат за нови начини како да им помогнат на работниците да се справат со новите очекувања околу домот и семејството.

Harvard Business Review

Доколку на вработените им недостигаат вистинските алатки или пристап до информации, тие ќе се чувствуваат отсечено, неорганизирано и неангажирано. Па, затоа е клучно да се обезбедат вистинските алатки, дали било тоа компјутери, микрофони, камери, или пак потребниот софтвер и апликации.

Ковид – 19 кризата ги соочи бизнисите и вработените со постојаниот предизвик на работа од дома, истакнувајќи ја потребата од вистинските алатки, планирање и поддршка со цел луѓето да останат здрави, поврзани и продуктивни. Менаџерите се фокусирани при овој начин на работа да обезбедат дека постои вистинската инфраструктура, не само во смисла на технологија, туку и на начин што поставува вистински очекувања, процеси и приоритети.

Се разбира, доколку на вработените им недостигаат вистинските алатки или пристап до информации, тие ќе се чувствуваат отсечено, неорганизирано и неангажирано. Па, затоа е клучно да се обезбедат вистинските алатки, дали било тоа компјутери, микрофони, камери, или пак потребниот софтвер и апликации.

За да креираат продуктивен екосистем, на вработените исто така им треба и лесен пристап до групата и споделените фајлови, како и план за поставување цели на тимот, и секако, рокови. Споделување на распоредот и документирање на претпочитаниот број работни часови за секој член на тимот, исто така е важно да се случи.

Но, работењето од дома е нова нормалност за многу луѓе. Не се работи само за опрема и процеси што се потребни; вработените се соочуваат со нови проблеми, како што е изолираноста од канцеларијата додека истовремено се борат со нови притисоци дома. Бизнис лидерите треба да размислат за нови начини како да им помогнат на работниците да се справат со новите очекувања околу домот и семејството.

Ова значи дека менаџерите мора да се реалистични околу новите предизвици. Работењето од дома може да значи повеќе мултитаскинг. Некои работници може да се помалку продуктивни, па треба да се охрабрат да си постават дневни задачи и цели што може реално да ги постигнат. Ако тоа тргне добро, тогаш постепено да се поставуваат поамбициозни цели. Вработените треба да се согласат околу обемот на работа, проектите и приоритетите со својот менаџер и да го комуницираат тоа со тимот.

Да се одржи целиот тим поврзан е клучно. Ако се влоши нешто во комуникацијата, тогаш тимската соработка е загрозена, фокусот кон клиентите ќе се замати, и иновациите ќе се закочат. Затоа е важно секој член на тимот да е свесен за проектите на другите, за нивните рокови и цели.

Да се одржи целиот тим поврзан е клучно. Ако се влоши нешто во комуникацијата, тогаш тимската соработка е загрозена, фокусот кон клиентите ќе се замати, и иновациите ќе се закочат. Затоа е важно секој член на тимот да е свесен за проектите на другите, за нивните рокови и цели. Синхронизирањето на одговорностите и роковите со колегите помага во менаџирање на проектите, ја максимизира ефикасноста, и осигурува дека секој ќе си ја заврши работата. Онлајн состаноците треба да имаат јасна цел, агенда и резултат, па така испратете им на вработените на време информации околу сето тоа.

Поврзаноста е само едно решение за да се овозможи работа од дома. Неуспехот да се снабдат вработените со потребната поддршка може да влијае врз нивната мотивација, продуктивност и балансирањето помеѓу работата и приватниот живот. Може лесно да се појави депресија поради изолацијата, па така вработените треба да се охрабрат да размислат за овие чекори:

  • Договорете се со семејството околу работата од дома

Вработените треба да се охрабрат да се договорат со своите најблиски – партнерите, децата, итн. – околу распоредот, тивко катче во домот, време за пишување домашни, и кога е во ред да бидат прекинати во работата. Погрижете се да одвоите време за излегување на свеж воздух или малку рекреација и забава. Важно е да бидете флексибилни и да проверувате постојано дали тоа што сте се договориле со најблиските е во ред со сите нив.

  • Поставете граници на работната околина

Менаџментот треба да ги поттикне вработените да си направат свој простор, зона или местенце во домот што е одвоено од членовите на семејството кога ќе им треба приватност или се на конференциски повик, онлајн состанок и сл. Можете да носите слушалки, или пак да ставите знак на потпирачот од столчето или мониторот за да им дадете јасен сигнал на домашните да ви остават малку простор.

  • Изградете рутина и грижете се добро за себе

Менаџментот треба да им помогне на вработените да изградат рутина што им помага да ја завршат работата ефикасно и ефективно. За некои луѓе ова значи дека треба да си ја „реновираат“ својата домашна канцеларија. За други пак, значи воспоставување на нова рутина. Важно е да се постават разумни граници за вработените да не се чувствуваат дека секогаш се на располагање кога работат од дома. Треба да се постават „кочници“ за да не дојде до burnout на вработените. Рутините треба да значат и да се остане поврзан со социјалните мрежи, професионалните заедници, платформите како Facebook, Instagram, итн.

  • Бидете флексибилни околу поставените агенди

Работењето од дома не значи да се работи реактивно. Менаџментот треба да им даде слобода на вработените да иницираат спонтани состаноци, муабет во 5 до 12, особено оние што не се поврзани стриктно со работата.

  • Социјализирајте се со колегите

Изолираноста е вообичаен проблем за оние што работат од дома, па сега е поважно од било кога да не се запостави социјализацијата. Обидете се да креирате “чет“ групи каде што членовите на тимот ќе може да разговараат за теми од заеднички интерес. Видео повиците се подобар начин да се остане конектиран со колегите, па макар  и за неврзан муабет на крајот од работниот ден. Овој начин им помага исто така и на интровертните – коишто попрво не би се социјализирале – повремено да се поврзат со тимот.

  • Комуницирајте со јасност и позитивност

Работењето од дома значи дека комуникацијата, особено онаа по мејл или чет, мора да биде јасна и позитивна, во спротивно може да се доживее како незаинтересирана или студена. Среќни емотикончиња, смешни сликички, комплименти и сл., се’ се тоа алатки за да се задржи моралот на повисоко ниво.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

банки3 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите