6 клучни препораки како да развиете успешен мал бизнис
Објавено на од во Start-up

Основачот на Apple, Стив Џобс, го напушти колеџот за да почне мала компанија за компјутери во неговата гаража. Марк Зукерберг  ја лансираше првата верзија на Facebook од неговиот студентски дом на Harvard. Иако патот до успехот на секој претприемач е различен, сепак постојат некои заеднички нешта кои можат да им помогнат на сите оние што сакаат да започнат свој бизнис. Еве кои шест работи ги дава угледниот Enterpreneur.com, a кои секој треба да ги има на ум кога започнува мал бизнис.

  1. Успехот бара храброст

Потребна е храброст за да се започне и задржи еден бизнис. На некој начин, почнувањето е често најтешкиот пат во секое патување. Запомнете дека храброста е всушност 50% страв. Да се биде храбар, значи дека имате цел и верувате во нешто. Колку повеќе верувате во вашата цел, толку повеќе ќе го надминувате вашиот страв.

Вашата цел треба да биде многу повеќе од само остварување финансиски профит. Да се има свој бизнис е многу долг проект. Со пречки кои од денешна перспектива не можат да се предвидат, да се прави нешто што вие навистина го сакате и навистина верувате во него, е всушност основно за да најдете храброст да продолжите.

  1. Со самото почнување, пола работа сте ја завршиле

Исплашениот може да мисли дека никогаш не доаѓа до точката кога е подготвен да започне. Како резултат на тоа, многумина и не почнуваат. Многу лесно е да се оправда стравот: „Сега не е време за тоа“, „Потребни ми се повеќе податоци“, „Ми треба подлабока анализа“ итн. Но со оправдување на стравот, рационализацијата може да ви стане Ахилова пета и никогаш нема да се охрабрите да почнете.

Сепак вистината е дека секогаш може да направите повеќе планирање. Уметноста лежи во тоа да знаете кога тоа (планирањето) е доволно и кога е време да почнете. Нема формула што дава одговор на тоа кога треба да почнете. Тоа повеќе е чувство отколку статистички податок.

  1. Најдете вистински ментор

За да се надмине стравот најчесто е потребно да имате повеќе луѓе што ве поддржуваат во идејата или треба да имате добар ментор. Многу е полесно друга личност да го идентификува вашиот страв, отколку вие самите. Ако се опседнете со вашите стравови, тогаш и најдобриот ментор не може да ви помогне. Вие ќе ги игнорирате сите негови препораки, само заради тоа што премногу рационализирате за да докажете дека вашиот ментор или тие што ве поддржуваат се грешка.

Вас ви е потребно да размислувате и да бидете отворени за идеи. Но исто така треба да бидете внимателни при селектирање на вашите советници. Инаку ќе заглавите со луѓе кои само ќе ги хранат вашите стравови. Место да ви помогнат, тие може ќе ве задржат од идејата да стартувате свој бизнис.

Но тука се поставува прашањето: како да му верувате на вашиот ментор? Ова повеќе зависи од вас, отколку од вашиот ментор. Вие треба да имате волја да ги доведувате во прашање вашите размислувања и проекти и внимателно да ги слушате другите предлози, но секако не треба слепо да се врзувате за идеите кои ви ги даваат другите луѓе или вашиот ментор. Затоа, многу важно е да си дадете време да се навратите на сите разгледувања и предлози и да се обидете да откриете што е она што ви фали и ви недостасува за конечно да почнете.

  1. Не претерувајте – почнете со малку пари

Недостатокот на кеш веројатно е најголемата причина за пропаѓање на малите бизнис. Ако не сте внимателни со парите кои ќе ги трошите за рентање канцеларии, при вработување на првите луѓе, со купувањето на технологијата што ви е потребна да работите,  тоа може да биде доволно да ве доведе до пораст. Така, како што вашиот бизнис оди напред, тоа може да акумилира повеќе трошоци. Затоа добро е да ги разгледувате вашите трошоци постојано и почесто, со цел да видете кои ви биле непотребни трошоци и истите да не ги повторувате. Максимизирајте ги вашите шанси за профитабилност преку преземање на минимален пристап при трошењето.

  1. Внимавајте на правните регулативи

Живееме во свет во кој сега речиси за се може да се најдеме на суд. Конфликтите лесно може да доведат до судска постапка што ќе ви одзема многу време, енергија и секако пари. Кога влегувате во партнерство, вие на вашите партнери им давате многу моќ со која тие, преку судска постапка или не, може да ве влечат наназад. Тоа може да ве доведе до пропаст.

Затоа многу е важно да бидете многу селективни при избор на партнери. Важно е да имате исти цели. Имајте предвид дека и тие се темпераментни. Оти тогаш кога пречките ќе дојдат, доколку не ги воспоставите вашите односи на чиста основа, тие може да ви го преземат бизнисот.

  1. Имајте постојано контрола

Денес контролата најчесто има негативна конотација. Но вистината е дека, многу од апсектите поврзани со контролата се позитивни и многу важни во бизнис светот. Одржувањето на контрола значи да останете на патот кон вашата визија и да ги цените вашите инстинкти за тоа што е најдобро за вашиот бизнис. На крајот од денот, вие си го разбирате вашиот бизнис најдобро од останатите – веројатно многу подобро и од најдобриот консултант во светот.

 

Никој никогаш не рече дека основањето на мал бизнис е лесно. Овие шест поенти сепак се основа за да имате просперитетен бизнис додека ги избегнувате непотребните предизвици. Овие поенти не се само факти. Тие се цела уметност. За да бидете успешни во вашиот бизнис значи дека треба да ја практикувате и развивате оваа уметност од време на време. Секако, тоа започнува со некоја добра ревизија на тоа што сакате да го правите и добри истражувања. Потоа, најважно е да најдете храброст за да го преземете првиот чекор и да почнете. Потоа битката продолжува ден по ден, месец по месец, година по година.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×