6 сектори кои најбрзо растат
Објавено на од во hi-tech & business

Biznis trend 05-1Бизнис трендови

Можеби кризата и рецесијата влијаат на многу бизниси, сепак тоа не оправдување за лидерот на фирмата да се успие и да чека да помине кризата. Секој претприемач кој сака да биде успешен треба да биде подготвен да продолжи со свежи и нови бизнис идеи, откако ќе помине кризата. Еве 6 сектори кои имаат најголем потенцијал за развој и кои најбрзо растат.
Иако причините за опоравување се различни од сектор до сектор, и од компанија до компанија, вистинскиот микс може да биде добар патоказ на секој претприемач за понатамошен развој во периодот откако ќе заврши рецесијата. Кои, секако треба што подобро да се искористат пред следната криза.
Ова се 6 сектори во светот кој моментално најбрзо растат.

 


Biznis trend 013Д печатење

3Д печатењето е една од индустриите и технологиите кои најбрзо растат во последните неколку години. СПоред проценките на консултанстката куќа Wohlers Associates, лани вредноста на оваа индустрија изнесувала 5,1 милијарди долари. Технологијата на 3Д печатење е дел од новата индустриска револуција. Неодамнешната студија која ја спроведеManufacturing Institute покажа дека 71% од американските производствени компании на некој начин користат 3Д печатење, од протоипови до финални производи.


Biznis trend 02Вештачка интелигенција

Некогаш само научнофантастична идеја денес станува стварност во чие истражување и примена се вложуваат милијарди долари. Извештајот на Bank of America и Merril Lynch покажува дека вложувањата во истражување на вештаќката интелигенција ќе достигнат 70 милијарди долари до 2020 година во споредба со вложувањата од 8,2 милијарди долари во 2013 година.
Вештачката интелигенција уште денесе секаде околу нас – oд гласовното препознавање на Google пеку  програмата на Facebook, DeepFace кои точно ги препознава 97% од лицата на фотографиите, па до програмата на IBM, Watson, кои 2 дури 2.400% попаметен отколку што беше во 2011 година кога ги победи луѓето во квизот Jeopardy. Со оглед на инвестициите во вештачка интелигенција кои ги најавуваат Apple, Facebook и Google, повеќе од сигурно е дека се очекува силен раст во овој сектор.


Biznis trend 03Дронови

Кога денес ќе се погледне во небо, можат да се видат птици или авиони. Наскоро меѓу нив може да има и дронови. Пазарот, кој според извештајот на Grand View Research, во 2014 година вредел 552 милиони долари, до 2020 година, според проценките би можел да расте со годишна стапка од 16,9%. Голем е поенцијалот на дроновите во ширината на нивната примена и се поголемата побарувачка, почнувајќи од земјоделие, индустрија, па се до употреба за основните цели. Забрзано расте бројот на производители на дронови и делови за нив, како и инвеститори во фими кои се занимаваат со тоа.


Hand holding mobile with Order food with blur restaurant backgroОнлајн достава на храна

Брзорастечки сектор е и е-трговијата со храна. Од достава на намирници AmazonFresh до Blue Apron, фирма која доставува свежи состојки за поединечно јадење.
Според Wall Street Journal во овој сектор минатата година имало 499 инвестиции вредни 4,6 милијарди долари, што е двојно повеќе во споредба со една година претходно.


Biznis trend 05Зеленa градба

Ова е инвестициска прилика која не е само профитабилна, туку и добра за околината. Неодамншната студија на Morgan Stanley покажува дека оддржливите технологии значително влијаат на градбата на деловни згради, намалувајќи ги трошоците за 30%.
Трендовите за 2016 година откриваат дека побарувачката на клиентите е главната причина која стои зад растот на зелената градба.


Biznis trend 06Виртуелна реалност

Deloitte проценува дека виртуелната реалност ќе ја достигне првата милијарда долари во оваа година. Засега видеоигрите се главни во виртуелната реалност, но се очекува експоненцијален раст и ширење во различни сектори, од здравство до архитектура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×