6 совети како во 2016 попаметно да управувате со вашите пари
Објавено на од во lifestyle
Likvidnost1

На многумина цел во 2016 година им е да ги подобрат своите финансиски навики, оти со самото тоа се намалува стресот кој  најчесто доаѓа токму финансиските потешкотии.

Ако и вие се интересирате како подобро да менаџирате со вашите финансии оваа година, ова се дел од советите кои ги препорачуваат финансиските советници:

  1. Прецизирајте ги и запишете ги своите цели

Секако дека, за постигнување на целите, корисно е да знаете што точно сакате да постигнете. Колку сте повеќе прецизни, тоа е подобро. На пример, заменете ја реченицата „Сакам повеќе да штедам“ со „Ќе плаќам 5% повеќе за пензија“. Со запишување на целите, покажуваат истражувањата, се зголемува можноста за нивно остварување за дури 49%.

  1. Осигурајте се финансиски

За почеток може да си создадете фонд за итни случаи со средства кои ќе ви бидат наменети за да ви го „спасат животот“ кога на пример би ја изгубиле работата или ќе ви се расипе автомобилот.

  1. Потребен ви е план до кој можете да се држите

Тешко ќе се држите до вашиот план ако тој е многу комплициран. Затоа направете го што е можно поедноставен: од месечната плата одземете ги фиксните трошоци, износите за заштеда и пензија и немесечните трошоци како поклони за празници. Се друго што ќе ви остане може да го потрошите за она што го сакате.

  1. Поделете ги целите

Размислете за можноста за отварање на посебни сметки или подсметки за посебни цели за кои штедите. На тој начин полесно може да го следите својот напредок, а можете дури и автоматски да ги префрлате придонесите на тие сметки, па така не мора за секоја од нив посебно да размислувате.

  1. Паметно користите ги бонусите

Во случај да добиете бонус како што се божиќните бонуси, можете да го испробате правилото 90/10: 90% од средствата да ги употребите за големи финансиски цели, а останатите 10% да ги потрошите на нешто забавно.

  1. Побарајте поддршка

Работите можат да станат тешки кога работите сами. Не плашете се да побарате помош, од пријател, колега или финансиски планер.

One thought on “6 совети како во 2016 попаметно да управувате со вашите пари

  1. Сервиси со отворени податоци. МојВоздух покажа дека отворените податоци се важни, а веќе имаме натпревари на кои гледаме кул апликации .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×