60% од мигрантите во ЕУ не се бегалци туку економски мигранти
Објавено на од во Политика
Потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс, изјави дека шеесет отсто од мигрантите во ЕУ не се бегалци, туку економски мигранти.
бегалциТимерманс во изјавата се повикува на необјавени статистики на Фронтекс, европската гранична агенција.
„Повеќе од половина од луѓето кои сега доаѓаат во Европа доаѓаат од земји за кои може да се претпостави дека немаат причина да бараат бегалски статус, повеќе од половина, 60%“, изјави потпретседателот на ЕК за холандската телевизија НОС.
Според него, мнозинството доаѓаат од Тунис и Мароко, а повеќето патуваат преку Турција во обид да стигнат во Европа.
Тимерманс, инаку член на холандските социјалдемократи, смета дека економските мигранти треба да бидат вратени во своите земји, и со тоа да се растерети системот за азил за да може побрзо и поефикасно да им се помогне на политичките бегалци и оние кои бегаат од воени жаришта како Сирија или Јемен.
Доколку бројките на кои се повикува комесарот се точни, медиумите оценуваат дека ова би имало значајно влијание врз дебатите и одлуките на ЕУ во делот на миграциските политики.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×