Македонија ги изгласа уставните измени, Преспанскиот договор оди на ратификација во Грција
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Sobranie 1
Македонското Собрание со 81 гласови ЗА вчера ги изгласа уставните измени кои произлегуваат во Преспанскиот договор. Со тоа Македонија ја исполни својата обврска од Договорот. Станува збор за четири амандмани, со кои, меѓу другото, името на државата се менува од Република Македонија во Република Северна Македонија.

Со амандманот 33, зборовите Република Македонија во Уставот се менуваат во Република Северна Македонија.
Со амандманот 34 се менува Преамбулата на Уставот.
Со амандманот 35 се гарантираат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните земји. Амандманот 36 се однесува на грижата за дијаспората. Државјанството ќе се именува како македонско / граѓанин на Република Северна Македонија. Според прифатениот амандман на Уставниот закон предложен од партијата Беса, се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно.

Сега процесот продолжува во Грција, која треба да го ратификува Договорот во парламентот. По ратификацијата од страна на грчките пратеници се очекува и потпишувањето на протоколот за членство на Македонија во НАТО, со што ќе се отвори патот за интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО.

На седницата не присустуваше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. По изгласувањето на измените партискиот лидер Христијан Мицкоски излезе со барање веднаш да се распушти Собранието и да се распишат вонредни парламентарни избори, заедно со претседателските.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×