Вечер се гласа Преспанскиот договор во Грција
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

По четири дена расправа на пленарна седница, грчкиот парламент вечер ќе гласа за Договорот од Преспа, пишува Катимерини.

Members of the Greek Communist Party hang banners in English and Greek against the agreement reached by Greece and Macedonia to resolve a dispute over the former Yugoslav republic's name, next to the Parthenon temple atop the Acropolis Hill, in Athens

Пред пратениците ќе се обратат премиерот на Грција Алексис Ципрас и лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, со што се очекува да биде тензично.

Многу пратеници побараа збор, со што постоеше можност дебатата да се развлече до раните утрински часови во петок, но претседателот на парламентот, Никос Вуцис, вчера изјави дека гласањето ќе се одвива вечерва според закажаното.

Во меѓувреме се одвиваат протести во Атина против Договорот, за кој организаторите сметаат дека е крајно штетен и го повикаа грчкиот народ денес да не оди на работа, а камбаните да бијат во знак на жалост.
На голем банер против Договорот стои:

„Не“ за договорот на Ципрас-Заев; „Не“ за плановите на САД-ЕУ-НАТО; „Не“ за иредентизмот и национализмот; „Да“ за пријателството, солидарноста и заедничката борба на народот

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×