Македонска берза по 12ти пат избра најтранспарентни акционерски друштва
Објавено на од во Компании
Согласно оцените на Изборната комисија за најтранспарентните котирани друштва на Македонска берза за 2018 година избрани се: Алкалоид (прво место), Комерцијална банка (второ место) и НЛБ Банка (трето место).
berza-dzvonce-580x387-580x387
Во рамки на „20-та Годишна конференција на Македонска берза, што се одржа вчера, 29 март, по 12 пат беше доделена наградата Кристално ѕвоно за најтранспарентно котирано акционерско друштво.
И оваа година беа доделени награди на три друштва кои беа оценети како најтранспарентни во 2018 година.
Согласно оцените на Изборната комисија за најтранспарентните котирани друштва на Македонска берза за 2018 година избрани се: Алкалоид (прво место), Комерцијална банка (второ место) и НЛБ Банка (трето место).
При разгледувањето на транспарентноста и објавувањето на информации на котираните друштва преку СЕИ Нет, Кандидационата комисија ја имаше предвид нивната транспарентност во текот на претходната година, особено бројот на објавени известувања преку СЕИ Нет и нивниот квалитет, квалитетот на објавениот годишен извештај за работењето на друштвото, квалитетот на интернет страницата на компанијата и друго.
Категориите за оценување на најтранспарентни акционерски друштва котирани на Македонска берза се: изработка на годишен извештај на друштвото и неговиот квалитет, обем на информации на интернет страницата на друштвото, начин на комуникација на друштвото со јавноста и пазарните учесници како и квалитетот на објавените и јавно достапни информации.
Освен тоа, се доделија и три награди на компании според критериумите износ и број на трансакции на овластени пазарни учесници на пазарот на хартии од вредност и тоа, прво место за Комерцијална банка, второ за Илирика и трето за НЛБ Банка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×