7 лидерски лекции од Кристијан Греј
Објавено на од во lifestyle

Овој мега популарен филм, е и за бизнис, исто така. Еве што еден извршен директор може да научи од Кристијан Греј.

Во најпродаваната книга „50 нијанси сиво“, една од најдобрите карактеристики на Кристијан Греј (главниот актер во книгата и филмот) е тоа дека тој е многу успешен бизнисмен. Толку успешен што може да направи зделка за 49 од неговите 50 нијанси. 27 годишниот младич го напушта Харвард за да започне свој бизнис во Сиетл, и сега го има прочуениот назив -најуспешен бизнисмен во САД под 30 години и е рангиран меѓу топ петте американски извршни директори. Grey Enterprises Holdings Inc., (GEH) беше основа со 100.000 долари позајмени пари и за само неколку кратки години стана мулти- милијардерски бизнис. Додека вистинскиот бизнис на GEH е по малку мистериозен, веб- сајтот на компанијата тврди дека „ова фирма е лидер во комуникациските технологии, одржлива енергија и систем за разузнавање“. Компанијата исто така се фокусира на спојувања и преземања, купување на послаби компании кои ги прават успешни. Иако Кристијан Греј е измислен лик, сепак од неговиот успех во управниот одбор, но и во спалната соба, има многу работи кои може да се научат.

  1. Да биде издржлив

Издржливоста е една од најважните работа за добар корпоративен лидер, бидејќи бизнисот е исполнет со приказни за бавно искачување до успехот. Најдобрите извршни директори знаат дека вреди да се инвестира во добри бизниси и дека неуспехот е само уште една лекција научена на патот до успехот.  Како што и Стив Џобс вели: „Ако подлабоко погледнеш ќе видиш дека за успех преку ноќ треба многу време“.

  1. Да работи со страст

Страста е таа што ги води најдобрите компании. Како што основачот на Zappos, Тони Шај вели „престанете да ги бркате парите и оставете да ве води страста“. Страстен лидер може да одбере еднакво страсни членови во тимот, да го зголеми капиталот и да ги задржи членовите од тимот со задоволство да можат прекувремено да работа со цел да изградат успешна компанија.  Но, страста исто така може да биде причина и за лоша одлука на извршниот директор, која доведува до лош избор, и е причина да се тргне во погрешна насока. Кристијан Греј има многу страсти, но ги држи во целосна контрола и надвор од работното место. Одличните корпоративни лидери знаат како да ја балансираат страста, дозволуваат истата да ги носи и на работа, но постојано ја контролираат и ја поврзуваат со перспективите.

  1. Ги наоѓаат вистинските членови во тимот

Кога Кристијан Греј првпат ја сретнува Ана, речиси веднаш знае дека сака таа да стане негова, да речеме, дел од неговиот тим. Тој знаеше дека таа има одредени карактеристики што ја прават одличен партнер. За да ја придобие, тој научи се за нејзе, пред да ја земе во својот тим. Внимателното избирање е клучно за растење на успехот на бизнисот. Најдобрите лидери знаат дека самите не ги поседуваат сите карактеристики за да изградат и водат успешна компанија. Тие мора постојано да се само- евалуираат да ги знаат своите вештини и потоа да ги искористат тие информации за да регрутираат луѓе со вештини кои самиот лидер не ги поседува. Извршниот директор исто така треба да ги знае јаките страни на тимот, но и слабостите и да научи што ги прави нив мизерни, а што ги возбудува. Ваквото знаење ќе му помогне на извршниот директор да знае која вештина да ја користи во секоја посебна ситуација, за да обезбеди успех.

  1. Постојано учи

Во книгата Кристијан Греј не создава обврски само кон Ана, туку и кон тоа да научи како да биде во сериозна врска. Добриот извршен директор знае дека не може да знае се. Како што расте компанијата, најдобрите и ефективни лидери во текот на денот си оставаат простор за учење, бараат совети, се консултираат со експерти, и го охрабруваат својот тим да го прави истото. Ако учењето стане активен дел од корпоративната култура, компанијата останува агилна и брзо се привикнува кон околината која се почесто се менува.

  1. Конструктивен критичар

Една од најважните вештини за извршен директор е способноста да биде одличен во тешките конверзации. Додека најпредизвикувачките разговори во филмот „50 нијанси сиво“ на Кристијан се водат во спалната соба, а не во управниот одбор, сепак извршниот директор треба да биде во можност да има непријатни разговори со вработените, инвеститорите… Поради успешниот начин на неговиот „вординг“, Кристијан беше во можност да и каже на Анастасија за неговите сексуални навики, и да и понуди конструктивна критика со цел таа да научи и да стане негов партнер. Добрите лидери треба да бидат подготвени и да дадат, и да примаат критика на начин што таа критика ќе охрабри, а нема да деморализира.

  1. Свесен е за ризикот (и толерантен)

Да се изгради бизнис- или врска- бара преземање на ризик. Најдобрите извршни директори го препознаваат ризикот и знаат да најдат начин да го менаџираат.

  1. Покажува почит

Добриот извршен директор знае дека почитта е нешто што го заслужуваш: од клиент, вработен, инвеститор и евентуално од самата индустрија. Да се заслужи почит, треба да ги слушате луѓето, да ги третирате вашите вработени како луѓе, не како подредени, да работите многу, да го препознаете и наградите трудот, и да бидете искрени. Ако ги третирате луѓето со почит тоа исто така носи среќа, а колку посреќен е вашиот клиент толку повеќе тие ќе останат со вас, ќе растат со вас и ќе ве препорачуваат на другите компании. Истото важи и за членовите на тимот, инвеститорите, како и за момчето и девојката. Кристијан се обидува да ги почитува границите на Анастасија, но неговото одбивање да бидат во сериозна врска резултираше (spoiler alert) да го остави Анастасија во солзи на крајот од книгата. Додека Кристијан имаше двапати можност да се смири со Анастасија, бизнисмените можеби нема да добијат втора или трета шанса со своите клиенти. Да ги третирате сите со почит е секогаш многу продуктивен избор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×