72 % од македонските граѓани не се задоволни со платата која ја примаат
Објавено на од во Економија
Според последна анкета спроведена од Банкометар.мк повеќе од две третини од граѓанините не се задоволни од својата плата и примања.
банкоматАнкетата е спроведена на 400 испитаници кои одговараат на прашањето дали се задоволни од својата плата.
  • Високи 72% од гласачите се изјаснаа дека НЕ се задоволни од својата плата ( над две третини од луѓето кои гласале на анкетата и преставува апсолутно мнозинство во поглед на гласовите )
  • Скромни 16% се изјаснаа дека се задоволни од својата плата
  • 12% од анкетираните се изјасниле дека воопшто не примаат плата т.е. се невработени.
Резултатите отсликуваат незадоволство од малите или недоволни примања и плати.
Генералните показатели на економската активност и зголемувачката коњуктура се исто така реални. Моменталните економски трендови во земјата се во оваа насока, но придобивките од овие трендови не се чувствуваат моментално, туку потребен е одреден временски период за да се ефектуира растот врз животниот стандард.
Според ДЗС вработените во март земале просечна плата 24.590 денари
Државниот завод за статистика ги објави месечните податоци за платите на вработените кои се однесуваат на месец март. ДЗС пресмета дека просечната нето плата во март изнесувала 24.590 денари, додека бруто-платата, 36 476 денари.
Според анализите на Статистика, платите во однос на претходниот месец им пораснале на вработените во  секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за скоро 10%, Информации и комуникации за 8,5% и Рударство и вадење на камен 6 %.
Меѓу најдобро платените во земјава се вработените во воздухопловниот транспорт, компјутерско програмирање, телекомуникации, фармација, снабдување со електрична
енергија и финансии.
Најниски плати имаат работниците во областите: заштитни и истражни дејности и производтсво на облека и кожа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×