8 важни деловни лекции за однесување на социјалните мрежи
Објавено на од во луѓе и компании

Социјалните мрежи денеска се многу честа алатка и се дел од секоја маркетинг стратегија. Голем дел компании од светот веќе успешно ги користат благодетите што ги нудат овие мрежи. Дел од нив веќе ги имаат искусено и неубавите страни од објавувањето содржини на овие медиуми.

Еве кои се советите кои поискусните ги споделуваат, за тоа какво треба да биде однесувањето на овие мрежи:

Using-Social-Media-in-Marketing
  1. Нема подобар начин да го совладате сомнежот освен преку доаѓање до голата вистина

Да се биде искрен  е секогаш добра стратегија, особено на социјалните медиуми. Ако корисниците на социјалните медиуми вашите пораки и намери ги доживуваат како искрени, тие ќе се поврзат со вас. Искреноста околу тоа за што се залагате, автентичноста во начинот на кој комуницирате со публиката би можела да ви помогне да воспоставите добра репутација на социјалните мрежи и да изградите значајни односи со публиката.

  1. Несигурноста е досадна

Несигурноста е досадна. Она што публиката го очекува од вас е да бидете уверени и сигурно во својот бренд и производ, и да бидете лидер кој мисли однапред. Увереноста во квалитетот на она што го нудите се претвора во веродостојност.

  1. Ако не ви се допаѓа како се работите поставени, “превртете ја масата“

Социјалните мрежи се отворена платформа каде луѓето дискутираат за брендови и производи, делат мислења и впечатоци. Важно е да ги пратите овие онлајн комуникации и активно да учествувате во нив. Ако не ви се допаѓа она што е кажано таму за вас или за вашиот бренд, не се обидувајте тоа да го отфрлите, да го игнорирате или да го премолчите. Место тоа, придружете се во разговорот и обидете се тоа да го преобликувате на тој начин што ќе бидете транспарентни, полни со знаење, отворени и подготвени да одговорите. Користете ги социјалните медиуми да демонстрирате дека вашиот бренд се труди постојано и дека постојано креирате нови, позитивни искуства со вашата публика.

  1. На крајот од денот, не сме ништо повеќе или помалку од она што сме одбрале да го откриеме

Секогаш треба внимателно да размислувате за своите стратегии при објавување содржини на социјалните мрежи. Еднаш штом ја објавите содржината, таа веќе секој може да ја види. Имаше време кога брендовите не внимаваа што ќе објават. Но се покажа дека токму тука треба да размислите двапати пред нешто да се објави. На крајот од денот, може тоа секогаш да биде позитивна содржина оти таа поврзува, оптимистична е и воглавно политички коректна.

  1. Великодушноста е сама по себе облик на моќ и власт

Да се биде великодушен носи добра карма и на социјалните мрежи и постојат многу начини да се биде дарежлив према публиката. Истражувањата покажаа дека луѓето ги следат брендовите на социјалните мрежи со цел да добијат специјални попусти, промоции и да бидат во тек со ексклузивни содржини. Наградете ја публиката така што ќе им дадете тоа што го бараат и така што ќе изразите благодарност. Направете го тоа за себе, за вашата карма и за вашиот бизнис.

  1. Дури и Ахил бил толку силен колку и неговата пета

Основниот ефективен маркетнинг план е да знаете кои се предностите и маните на вашиот бренд. На овој начин, ќе можете да го пронајдете својот фокус, и ќе знаете на што е потребно да се фокусирате повеќе и да преземете чекори кои вашите слабости ќе ги претворат во предност.

  1. Трчајте маратон, не спринт

Социјалните медиуми се алатка која ви помага да ги достигнете маркетинг целите и тие се дел од целокупната маркетинг стратегија. Одредете ги вашите цели паметно.

  1. Да се биде подобар значи да се менувате. Да бидете совршени значи да се менувате често

Имајте на ум дека вашата стратегија на социјалните медиуми не е статична, туку дека треба да се развива заедно со вас. Затоа, менувајте и проверувајте ги промените почесто. Како велат „ништо не е запишано на камен“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×