80% од буџетот Обвинителството го троши на плати и надоместоци
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Речиси 80% од вкупниот буџет со кој оперира Јавното обвинителство се троши на плати и надоместоци. Според Буџетот за оваа година, годинава Јавното обвинителство ќе добие 7 милиони евра, од кои 5,5 милиони ќе се потрошат за плати и надоместоци на вработените, а во моментот таму работат 448 лица.

Споредено со лани, обвинителство оваа година добива за 300 илјади евра помалку средства од лани. Во 2014, државата за јавното обивнителство одвоила 7,3 милиони евра. И тогаш, како и годинава, 80% од средствата се трошеле за плати и надоместоци.

Инаку, со години назанад, главните забелешки, како во извештаите на меѓународните институции, така и на самите вработени во јавното обвинителство, се дека на институцијата и фали основна опрема за работење- комјутери, телефони, хартија итн, и дека потребно е зголемување на буџетските средства за да се подобри работата на обвинителството, на кое основната надлежност му е спречување и гонење на организираниот криминал и други тешки форми на криминал.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×