Досега произведени и донирани вкупно 6500 визири
Објавено на од во Економија
Само на 7. април беа опслужени 100 установи во еден ден, паралелно со доставата на визири на: Здравствен Дом – Скопјe, Градска Општа Болница “8ми Септември”, УГАК, Психијатриска болница Скопје, Здравствен Дом – Железара.
10

 

До вечерта на 7.април се произведени и дистрибуирани 6.500 заштитни маски со визири финансиски поддржани со средства донирани од граѓани и фирми
Процесот за снабдување на приватните здравствени установи се’уште e во тек, но заради интензивниот труд на активистите од 3Д принт медицинска опрема, само на 7. април беа опслужени 100 установи во еден ден, паралелно со доставата на визири на: Здравствен Дом – Скопјe, Градска Општа Болница “8ми Септември”, УГАК, Психијатриска болница Скопје, Здравствен Дом – Железара.
Навивачката група „Комити“ донираа 600 хируршки маски и 40 заштитни скафандери, кои беа поделени на УГАК и Градска Општа Болница “8ми Септември”.
Поради зголемената употреба на Вералит (провидниот дел на визирот) и потешкотиите за негов увоз во државата, поради здравствената ситуација, со цел да се задоволат сите медицински работници, групата на активисти од „3Д принт медицинска опрема“  АПЕЛИРА до сите оние кои можат да ги снабдат со Вералит (проѕирен дел од визирот) да им се обратат.
Доколку не успееме да набавиме Вералит акцијата за донација на визири ќе мора значително да го намали темпото на опслужување на работниците, бидејќи ги трошиме последните залихи.
Со почит, до сите граѓани кои заедно со нас помагаат да го заштитиме медицинскиот персонал,
Иницијативата на facebook групата:
https://www.facebook.com/groups/930629214035361/?ref=share

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×