Од денес аплицирање за втората линија бескаматни кредити, во износ од 8 милиони евра
Објавено на од во Компании
За разлика од првата кредитна линија, оваа е наменета за сите дејности, а максималниот износ на кредитот е трипати повисок во однос на првата кредитна линија, односно изнесува 90.000 евра. 
Kire Naumov

Главниот извршен директор на Развојната банка на Северна Македонија, Кире Наумов.

Од денес, 29 април, микро, малите и средни компании од сите дејности, погодени од кризата предизвикана од ковид-19, ќе можат да аплицираат за 8 милиони евра бескаматни кредити од линијата „Ковид 2“ преку Развојната банка на Северна Македонија. Кредитите од оваа линија се во износ до 90.000 евра, а условите и постапката за аплицирање се олеснети. 
За оваа кредитна линија можат да аплицираат сите погодени компании што имаат намалување на приходот за повеќе од 30% во последниот поминат месец, на пример во март, споредено со истиот месец минатата година или со просечниот месечен приход во 2019 година. Компаниите треба да се регистрирани повеќе од половина година, да немаат неплатени даноци и придонеси до 31.1.2020 година, да не се во постапка на стечај или ликвидација и да не спаѓаат во категоријата исклучително ризични кредитобаратели.
„Аплицирањето ќе биде електронски, по примерот на ,,Ковид1“. Иако износот на кредитот се пресметува по формулата 14.500 х 3 месеци х број на вработени, најмалите претпријатија не се заборавени. Микро претпријатијата што имаат до 5 вработени, ќе можат да аплицираат за бескаматен кредит во износ од 3.000 евра.“, рече директорот на Развојната банка, Кире Наумов. 
Целата постапка за аплицирање за средствата ќе се одвива електронски. Најголем број од документите ќе можат да се најдат на веб-страницата на Развојната банка, меѓу нив апликацијата, односно кредитното барање, изјавата за поврзаност со други правни/физички лица, изјавата дека не се носители на јавна функција и изјавата за проверка на кредитна изложеност. Компаниите ќе поднесуваат до Управата барање за уверение за платени давачки со состојба 31.1.2020 година, електронски.
Развојната банка и Централниот регистар склучија и договор за документите што им се потребни на кредитобарателите, односно Централниот регистар ќе ги дава бесплатно тековната состојба за кредитобарателот, потврдата за стечајна постапка, потврдата за ликвидациона постапка и листингот од завршната сметка за 2019 година.
Досега вкупно 631 бескаматни кредити се одобрени од Ковид 1 линијата од Развојната банка, во износ од 4,7 милиони евра. Во овие фирми, работат 5.588 вработени, а од вкупно одобрените средтсва, 2,1 милиони евра се за компании од транспортна дејност, 2,4 милиони евра за угостителство и 200.000 евра за туризмот.
Министерката за финансии Нина Ангеловска посочи дека бескаматните кредити се наменети за зачувување на работните места во фирмите и за подобрување на нивната ликвидност.
„За разлика од првата кредитна линија, оваа е наменета за сите дејности, а максималниот износ на кредитот е трипати повисок во однос на првата кредитна линија, односно минималниот износ на кредит е 3.000 евра, додека максималниот износ е 90.000 евра.“, рече Ангеловска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×