Connect with us

економија

86% од директорите низ цел свет очекуваат рецесија во следните 12 месеци

објавено

на

Повеќе од половина од анкетираните бизнис лидери или 58% сметаат дека рецесијата ќе биде „блага и кратка“, вели истражувањето на KPMG.

Околу 86% од анкетираните извршни директори низ цел свет очекуваат рецесија во нивниот регион во следните 12 месеци, покажува новото истражување на глобалната консултантска компанија  KPMG. Повеќе од половина од анкетираните бизнис лидери или 58% сметаат дека рецесијата ќе биде „блага и кратка“.

Сепак, повеќето од 1.300 извршни директори анкетирани од KPMG меѓу јули и август рекле дека на нивните бизниси би можело да им биде тешко да закрепнат  од пандемијата доколку има повеќе нарушувања, како што е рецесијата.

Малку надеж дава фактот што извршните директори биле нешто пооптимистични отколку на почетокот на годината и рекле дека очекуваат раст во следните три години.

KPMG  соопшти дека извршните директори ширум светот се исто така загрижени околу исцрпеноста на компаниите од  пандемијата, покрај рецесијата и ефектите од зголемувањето на каматните стапки врз економијата.

Покрај непосредните проблеми како рецесија, бизнис лидерите велат дека сè уште се под притисок да ги исполнат своите пошироки социјални одговорности бидејќи јавноста внимателно ги разгледува нивните корпоративни цели и одговорностите за животната средина, социјалните аспекти и управувањето (ESG).

Со тоа што економијата се уште е во лоша состојба, сепак постојат знаци дека трендот “Great Resignation”, масовното заминување на вработените во САД и западна Европа,  би можел да забавува. На пример, 39% од извршните директори веќе ги замрзнале новите вработувања, а 46% размислуваат за отпуштање работници во следните 6 месеци. Но, изгледите за следните три години се попозитивни, само 9 отсто очекуваат дополнителен пад на бројот на вработени.

Извршните директори сè уште даваат висок приоритет на дигиталната трансформација, иако во моментов има многу неизвесност. Сепак, 40% од бизнисите ги ставиле своите планови за дигитална трансформација на стендбај, а уште 37% планираат да го сторат истото во следните 6 месеци.

Во период од три години, повеќе од една четвртина од испитаниците мислат дека унапредувањето на дигитализацијата и деловното поврзување е исто така важно за исполнување на целите за раст. Седумдесет и четири проценти исто така се согласуваат дека стратешките инвестиции на нивната компанија во дигитализација  и ESG се нераскинливо поврзани.

македонија1 ден ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија2 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија1 недела ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Одговорност за одржливост