9 застрашувачки прогнози за тоа како светот ќе изгледа за 10 години
Објавено на од во Политика

Приватна фирма за разузнавање Стратфор прогнозира дека многу земји ќе се соочат со хаос во декадата што доаѓа, пренесува Indepoendent.co.uk

stratforВо 2015 година, приватна компанија за разузнавање Strategic Forecasting, или популарно позната како Стратфор, објави публикација на тема: Прогнози за следната декада, во која проектира што ќе донесат следните 10 години на глобално политичко и економско ниво, пренесува Independent.co.uk

Според Стратфор, светот за 10 години ќе биде многу поопасно место за живеење, со намалена моќ на САД, додека другите респективни земји ќе се соочат со период на хаос и економски регрес.

 

Еве кои се дел од нивните предвидувања:

  1. Русија ќе пропаѓа

Санкциите, падот на цената на нафтата, зголемувањето на трошоците за војската, и зголемувањето на внатрешните несогласувања ќе ја ослабат владата во Моска но и нивната позиција во светот. Русија официјално нема да се подели на повеќе земји, но моќта на Москва дефинитивно ќе се намали до таа точка што Русија ќе стане земја на повеќе региони кои многу веројатно нема да се согласуваат меѓу себе.

  1. САД ќе ја употреби својата војска за да се заштити од нуклеарките

Ако се случи политичката дезинтеграција во Русија како што предвидува Стратфор, тоа значи дека оружјето, атомските материјали и системот ќе бидат многу изложени со што одеднаш ќе станат светски најопасниот вакум.

Затоа САД ќе мора да најде начин што ќе прави со тоа, дури тоа да значи и испраќање на војници на терен кои ќе го контролираат оружјето, атомските материјали и нуклеарките не само во Русија, туку низ сите земји низ кои тие се распоредени.

  1. Германија ќе има проблеми

Германија има економија зависна од извозот, од што до сега имаше многу бенефиции, особено преку трговската либерализација воспоставена во рамките на ЕУ. Но европската криза всушност ќе и создаде и најмногу проблеми токму на Германија.

Домашната потрошувачка не може да надомести за германската извозно ориентирана економија, па резултатот ќе биде стагнација со каква што се соочи Јапонија.

„Очекуваме Германија да се соочи со сериозни економски порази во декадата што следува“, пишува во извештајот на Стратфор.

  1. Полска ќе биде една од европските лидери

„Центарот на економскиот раст и политичко влијание ќе биде Полска“, се вели во извештајот.

Популацијата на Полска нема да опадне толку многу како што ќе биде во другите поголеми европски економии. Фактот што Полска е најголемата и најпросперитетна европска држава, ќе ја доведе оваа земја, во позиција на регионален лидер од што Полска може да добие голем политички и економски престиж.

  1. Ќе постојат четири Европи

Не беше многу одамна кога европското единство се чинеше како незапирлива историска сила, која доведе да се избришат политичките и економските бариери помеѓу земјите, а регионализмот и националисмот да исчезнат од политиката на стариот континент.

Но за 10 години отсега, тоа ќе биде далечно сеќавање. Според извештајот на Стратфор Европа ќе биде поделена на 4 Европи: Западна Европа, Источна Европа, Скандинавија и Британските острови. Тие ќе делат исто соседство, но нема да бидат така поврзани како што беа до сега.

„Европската унија можеби донекаде и ќе преживее, но Европските економски, политички и воени односи ќе бидат владеени пред се преку билатералните или ограничените мултилатерални односи кои ќе имаат мал дострел и нема да бидат обврзувачки“, стои во извештајот.   „Некои држави можеби ќе го задржат членството во оваа многу модифицирана Европска Унија, но тоа нема да ја дефинира Европа“.

  1. Турција и САД ќе бидат блиски сојузници, но за неочекувани причини

Веќе неколку Арапски земји пропаѓаат, а во извештајот не се предвидува дека хаосот таму наскоро ќе заврши. Земјата која најмногу ќе добие од ова е Турција – силна, релативно стабилна земја чии граници се простираат од Црното море па се до Сирија и Ирак.

Турција ќе интервенира во конфликтите што се водат на нејзините граници. Како што ќе расте силата на Анкара, земјата ќе стане значаен партнер на САД. А секако Труција ќе бара нешто за возврат: Турција ќе сака помош од САД да ја задржи Москва надвор од нејзиниот двор.

  1. Кина ќе се соочи со многу голем проблем

Кина можеби ќе има тешка декада пред себе со оглед на забавувањето на економијата, што ќе донесе до пошироко незадоволство во однос на владеењето на Комунистичката партија. Но оваа партија нема да се либерализира, што значи дека преземањето на контрола во однос на справување со хаосот ќе се прави преку внатрешна опресија.

Но Кина се соочува со уште еден, можеби уште поголем проблем: Растот на Кина не е еднакво географски распореден. Тој проблем ќе расте како што Кина продолжува да се урбанизира.

Според Стратфор токму регионалните пукнатите се постојана причина за политички хаос низ историјата на Кина, па иако не е сосема веројатно сепак „ова може да биде причина за политички немири во оваа држава“.

  1. Јапонија ќе биде растечка поморска сила

Јапонија има морнарска традиција која оди наназад со векови, и како остров таа е земја која е многу зависна од увоз. Кина веќе создава ултра модерна поморска флота, и со тоа може да стане уште поагресивна при контрола на бродовите на крајбрежјето на Источна и Јужна Кина и во Индискиот Океан од каде поминуваат бродовите на Јапонија.

Јапонија ќе нема друг избор освен да создаде своја силна поморска флота со цел да си ги заштити своите рути преку кои се снабдува државата. Со тоа што моќта на САД опаѓа, Јапонија ќе мора ова да го направи сама.

  1. Ќе се намали моќта на САД

Со самото тоа што светот се повеќе се наоѓа во неред и е се потешко да се предвиди што ќе се случува во следните 10 години, САД многу промислено ќе ги избира предизвиците во кои ќе се ангажира, наместо како што до сега правеше кога земаше активно лидерство во решавање на сите светски проблеми.

Со тоа што се наоѓа на безбедниот агол од светот, САД ќе се повлече од глобалните односи со што ќе го направи светот уште помалку предвидливо место за живеење, па другите земји ќе мора да се соочуваат со светските предизвици.

„САД ќе продолжи да биде најголема економска, политичка и воена сила во светот но се помалку ќе се вклучува во светските случувања“, стои во извештајот на Стратфор. „Во светот ќе владее безредие, а САД ќе биде сила која се помалку ќе биди видлива и вклучена со светските афери во следната декада“.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×