А1 ја покажa првата 5Г станица во Бугарија, очекува услугата да е активна во 2020 година
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Телекомуникацискиот оператор А1 речиси сигурно ќе може да започне 5G мрежа за своите корисници во Бугарија, следната година.
5g bulgariaСамо неколку часа откако најголемиот мобилен оператор на пазарот во Бугарија ги доби првите тест фреквенции, Красимир Петров, директор на конвергентна мрежа и услуги, ја демонстрира првата во Бугарија употреблива 5G базна станица.
Безжичната мрежа од новата генерација ќе донесе на потрошувачите и бизнисите супербрз и широкопојасен пристап со брзина од над 1Gbps, за фиксни услуги во 5G, Ultra HD 3D и 4K ТВ, виртуелна, додадена и миксирана реалност.
Апликациите од 5G има употребливост во голем број други сфери. Во медицината, ќе биде можно далечинско дијагностицирање и интервенции; во транспортот, автономни автомобили и во индустријата, управување со големите индустриски објекти преку роботи.
Петров истакна дека наскоро, благодарение и новата мрежа ќе може да се порачааат производи преку интернет кои роботи ќе ги произведат, подредат и испратат за испорака до врата, без човечка интервенција.
5G ќе го донесе долгоочекуваниот развој во таканаречените “паметни градови”, во кои сè ќе биде поврзано.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×