Абрамович купува банка во Србија
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Рускиот милијардер Роман Абрамович, во чија сопственост е лондонскиот фудбалски клуб Челзи, сака да ја купи крагуевачката КБМ Банка, пишува српски „Блиц“, повикувајќи се на свои извори од банкарскиот сектор

За 3 милиони евра, сопственикот на новата кредитна банка Марибор (НКМБ)  сака да продаде 88,53% од уделот, на рускиот милијардер Абрамович кој во Србија преговара преку лондонскиот инвестициски фонд „Millhouse Capital“.

Од словенската НКМБ потврдуваат дека во тек е продажбата на банката во Крагуевац, додека од Народната банка на Србија тврдат дека засега официјално не се обратила ниту една заинтересиран компанија.

КБМ Банка има 24 подружници ширум Србија, а во 2013 година со 366 вработени имаше скромен удел на пазарот од 0,5%. Истата година банката заврши со негативно салдо од 734 милиони динари.

Во 2010 нејзин сопственик станува втората најголема словенска банка НКМБ, чиј сопственик од оваа година е америчкиот финансиски фонд „Аполо“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×