Адидас е вистинскиот победник на европските фудбалски првенства
Објавено на од во lifestyle

Манчестер Јунајтед и Ајакс се изборија за финале во Лигата на Европа, но таму е веќе победник Адидас, коментира Блумберг.

Германскиот производител на спортска опрема е спонзор и на двата клуба, како и на финалистите на најпрестижниот европски клупски турнир, Лигата на шампионите, Јувентус и Реал Мадрид. А логото на Адидас е и на дресовите на тимовите што ги освоија или веројатно ќе ги освојат трите од најголемите национални првенства во Европа – англиското, германското и италијанското.

Овој успех на Адидас е невообичаен, во ситуација на фудбалски спонзорства со голем залог, во жестока конкуренција со Најк, Пума, Андер Армор …, што плаќаат стотици милиони долари за бидат на дресовите на најпознатите фудбалски клубови.

Со години Адидас и Најк се борат за да бидат број еден во продажбата на фудбалска опрема, а во 2016 година стана очигледно дека германската компанија води. Адидас потрошил околу 2,5 милијарди евра за маркетинг лани, што е соодветно со прогнозираниот дијапазон од 12-13% од приходите. Ако го задржи ова темпо и ја зголеми продажбата согласно финансиските цели, компанијата може да додаде уште милијарда евра кон буџетот за маркетинг до 2020 година.

Успехот на Адидас беше потенциран што сите тимови на Најк од Лигата на шампионите, вклучително Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Монако …, го завршија својот поход за годинава. И Пума не помина подобро со Дортмунд, Арсенал и Лестер.

Спонзорираниот од Адидас, Баерн Минхен, веќе ја има титулата во Бундес Лигата; Челзи во Англија е прв со десет бода пред Тотенхем; Јувентус води во Италија, а Реал Мадрид во Шпанија.

За Најк останува, покрај останатото, тоа што во Реал Мадрид кој носи Адидас, најпопуларниот играч, Кристијано Роналдо, има копачки Најк.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×