Адора инженеринг доби сертификат „Коректна фирма“
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Адора инженеринг доби сертификат „Коректна фирма“ за беспрекорна репутација и одлична етаблираност во бизнисот, како и за коректно спроведување на обврските кон клиентите и партнерите. Овој градежен бренд покажал одлично ниво на позитивни споменувања во интернет просторот во анализата на европскиот проект „Коректна фирма“. Притоа, не биле детектирани негативни фрази поврзани со името на компанијата во медиумски, Фејсбук, Твитер и други објави.

Високиот позитивен интернет коефициент на Адора инженеринг, во услови кога секој може сѐ да напише и објави на интернет медиумите, за компанијата е уште една потврда за нејзиното одличното реноме како лидер во високата градба во Македонија.

Сертификатот „Коректна фирма“ за Адора е потврда и за врвниот квалитет на изградените домови и деловни објекти, за коректниот однос со клиентите и за истакнувањето меѓу фирмите во високата градба и пазарот на недвижности. Европскиот тренд на истражување на однесувањето и реакциите на интернет корисниците, во Македонија за прв пат го спроведе Друштвото за утврдување на коректни фирми „Корект компани Скопје“, врз сите 50-тина илјади стопански субјекти, од кои 1800 компании досега се сертифицирани како „Коректни фирми“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×