Адора инженеринг добитник на The Bizz-светска награда за иновативен стил во домувањето
Објавено на од во Компании

Менаџментот на Адора инженеринг  наградата ја прими на 15-ти мај во Монако, за оригиналноста и  иновативноста  што во стилот на домувањето овој градежен бренд ги воведе во објектите Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden. 

Menadzmentot na Adora so nagradata

Адора инженеринг ја доби наградата The BIZZ 2016 за иновативен стил во домувањето, во Монте Карло,  од Светската бизнис конфедерација – една од најзначајните награди што им се доделува на водечките компании во развојот на бизнисот на национално и глобално ниво, како што велат во Адора. Менаџментот на Адора инженеринг  наградата ја прими на 15-ти мај во Монако, за оригиналноста и  иновативноста  што во стилот на домувањето овој градежен бренд ги воведе во објектите Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden.
“Креативниот дизајн на домовите за висок урбан стил на живеење, со акцент на внатрешното уредување на објектите со атриуми,  изобилство на природна светлина и свеж воздух, многу зеленило со елементи од дрво и камен и осмислени заеднички содржини на станарите им нудат чувство на интимност и топлина“, вели генералниот директор  проф. д-р Ванчо Чифлиганец, и додава дека  “престижната награда The BIZZ 2016 е потврда дека, покрај домашната,  и меѓународната бизнис заедница ги препознава и вреднува заложбите на Адора инженеринг, со примена на иновативни револуционерни решенија да создаде производи според потребите на купувачите, кои се издвојуваат на пазарот на недвижности по современиот стил и светските трендови за висококвалитетно домување, што оваа компанија ги воведува во Македонија и ги прави достапни на македонските граѓани.“ Наградата The BIZZ 2016 за иновативно домување е четврто меѓународно  признание за Адора инженеринг  и е  мотив плус за вработените  да продолжат и натаму да ја движат напред целата индустрија на високата градба во Македонија, каде таа е водечки бренд, велат во компанијата.

 

 

 

One thought on “Адора инженеринг добитник на The Bizz-светска награда за иновативен стил во домувањето

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×