АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ ГО ДОБИ 9-ТОТО НАЦИОНАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЗДРАВИ ЕКО ДОМОВИ ЗАШТИТЕНИ ОД БУЧАВА
Објавено на од во Компании
Деветтото по ред признание за долгорочниот проект за изградба на еко – домовите на Адора инженеринг е дел од 17 национални признанија за најдобри општествено одговорни практики кои компанијата ги има добиено изминатите 10 години.
 
Адора инженеринг денес го доби деветтото национално признание од министерството за економија за најдобри општествено одговорни практики за одговорен однос кон животната средина, за проектот „Со традиционално неимарство до здрав современ дом“. Наградата е добиена за изградба на најновиот станбен објект „Црква 3“ во општина Аеродром, Скопје, каде градителите на Адора инженеринг, со традиционално ѕидарство, користејќи традиционални и современи материјали и технологии, изградија нови, поквалитетни, потивки и поздрави еко домови. Признанието е резултат на постојаното истражување на стручните кадри на Адора инженериг за развивање, унапредување, надградување и усовршување на квалитетот на изградените објекти и домови, особено во делот на енергетската ефикасност и звучната изолација.
„За нас компаниите од особено значење е кога некој ги препознава и вреднува нашите напори за создавање одржлив иновативен бизнис од корист на целата заедница. Специјално, за новиот станбен објект, „Црква 3“, креиравме нов состав на сендвич ѕид помеѓу два соседни стана и стан и заеднички коридор (ходник), базиран на маса и тежина (два слоја керамички блок) и три слоја изолациони материјали, за да добиеме подобра звучна изолација. Испитувањата од страна на акредитираната лабораторија Амбикон на Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот Гоце Делчев, Штип, покажаа вредносни параметри на воздушна и ударна звучна изолација кои ги задоволуваат дури и највисоките европски стандарди за звучна изолација во станбените објекти. Тоа е потврда дека успеавме во пионерските заложби, при непостоење на национална регулатива, да воведеме подобар акустичен комфор во домовите, збогатувајќи го објектот „Црква 3“ со зелен парк оплеменет со стотина дрвја и урбана опрема, за релаксација на станарите, во духот на нашата 18 годишна традиција“.- вели проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора инженеринг.
Деветтото по ред признание за долгорочниот проект за изградба на еко – домовите на Адора инженеринг е дел од 17 национални признанија за најдобри општествено одговорни практики кои компанијата ги има добиено изминатите 10 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×