Адора прослави 12 , а Чифлиганец 60 години
Објавено на од во Економија

Со гламурозна гала вечера за повеќе од петтстотини луѓе, промоција на  книга и на фондација, Ванчо Чифлиганец го прославија својот 60 роденден, а истовремено го одбележа и 12 годишното постоење на неговата компанија Адора Инжинеринг.

На настанот кој се одржа во големата сала на хотелот Александар Палас покрај другите присуствуваа и министерката за внатреши работи Гордана Јанкуловска, Претседателот на МАНУ Владо Камбовски, Претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет Васил Тупурковски како и многу други претставници на државната и локалната власт, деловни партнери , купувачи и пријатели на Чифлиганец и Адора Инжинеринг.

Претседателот на МАНУ Владо Камбовски како рецензент на книгата „Можеш и ти“, 60 години Ванчо Чифлиганец од авторот Венко Андоновски во своето обраќање  рече:

„Да се биде човек значи да се создава, во која било форма и на кое било подрачје, не само за себе туку и за своето семејство, туку и за сите околу, за татковината и за сиот човечки род“.

Авторот Андоновски додаде дека „Можеш и ти“ е моногорафија за ликот и делото на еден од најуспешните Македонци на денешницата, романизирана биографија, и прирачник за деловниот успех на сите оние  кои се на почетокот на својот професионална карира.

Самиот Чифлиганец преку книгата порачува:

„Слоганот Само делата се вистина ми е генетски код, наследен од моите предци кои ме научија дека човек, додека е на овој свет, ако не остави зад себе дела како да не оставил ништо, како да е без пород, како да ја пишувал историјата на својот народ со бело мастило. Човекот е силен како камен, само малкумина знаат за тоа. Од друга страна, човекот е нежен како сон. Ако сонува и копнее силно, ќе му се оставри сонот и ќе стане вистина. Вистина ви велам: сите можете од својот сон да направите дела и вистини“

Адора инжинеринг во 2014 година забележа рекордна продажба на 302 стана, што е за 11% повеќе од 2013 година. Вкупно во годината која изминува Адора продала 18.000 м2 станбен простор, 800 м2 деловен и 2550 м2 паркинг простор. За 2015-1016 веќе се најавени двојно поголеми инвестиции.  Адора инжинеринг пет години по ред е меѓу 25 најуспешни и најбрзорастечки компании.

Како шлаг на гала вечерта по пат на извлекување Чифлиганец и Адора го наградија најсрекниот од 302 купувачи на станови со нов автомобил од марката Фолксваген Поло.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×