Адреналинска понуда за туристите на спортскиот аеродром Стенковец
Објавено на од во Економија
На спортскиот аеродром Стенковец во близина на Скопје беа промовирани резултатите од два потпроекта, поддржани од Проектот за локална и регионална конкурентност што е финансиран од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија, а администриран од Светска Банка во Скопје.
3
Асоцијациите „Македонски авантуристички дисциплини (МАД)“ и „Здружението за афирмација на воздухопловството Аеро Клуб Скопје“ спроведуваат два одделни и различни потпроекти. Потпроектите се комплементарни и имаат за цел да привлечат слична целна група туристи, пред сè авантуристи и трагачи по возбуда. Во организација на корисниците на подгрантовите, а со поддршка на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК), на 21.07.2019 година (недела), беше одржан заеднички настан за промоција на постигнатите резултати. Станува збор за презентација на новата адреналинска понуда за домашни и за странски туристи која вклучува летање со балон на топол воздух и тандем скокови со падобран од 3000 метри.
„Македонија од воздух“ – туристичката понуда на здружението „Македонски авантуристички дисциплини (МАД)“
Збогатување на туристичката понуда преку развој на бренд дестинации за алтернативен туризам е целта на потпроектот „Македонија од воздух“. Здружението од Скопје во рамките на потпроектот набави балон за летање на топол воздух и патничко возило за транспорт на туристите.Создадена е туристичка понуда која им нуди на туристите 60 минутно летање со балон и можност за несекојдневен и атрактивен начин да се запознаат со убавините на нашата држава.
Развојот на алтернативните форми на туризам е тренд во светот, а масовниот туризам полека ја губи својата улога. Туристите сакаат да бидат активни, да имаат исполнето време и да доживеат и да искусат нешто ново. Овој потпроект ни овозможи да направиме бренд дестинација за авантуристички туризам“, истакна Борче Пауновски, Претседател на здружението МАД.
„Со тандем скокови до повеќе активни туристи“
Аеро Клубот Скопје, преку потпроектот „Со тандем скокови до повеќе активни туристи“ ја унапредува туристичката понуда на дестинација Скопје, Куманово и околината, на тој начин што воведе падобрански тандем скокови, обука на тандем пилоти и осовременување на инфраструктурата на Клубот со изградба на центар за тандем скокање.
За креирање туристичка понуда од Клубот, беше обезбедена финансиска поддршка со којашто беше набавен тандем падобран и беа обучени тројца инструктори кои ги изведуваат тандем скоковите со заинтересираните туристи од 3000 метри височина.
„Еден од главните недостатоци на туристичката понуда на скопскиот и кумановскиот регион е недостиг на туристички атракции што ќе ги задржат туристите подолго време во оваа дестинација“, вели Јане Стефанов, претседател на Аеро Клуб Скопје.
Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) е водечки проект за развој на туризмот во Република Северна Македонија.
ПЛРК се администрира од страна на Светска Банка, а се спроведува од страна на Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања. Истиот вклучува повеќе потпроекти што имаат за цел надградба на туристичката понуда, подобрување на туристичката инфраструктура, развој на вештини на туристичките работници и создавање работни места во туризмот.
„Овие два потпроекта ја збогатуваат туристичката понуда во нашата земја со воведување нови, иновативни содржини, атрактивни како за домашните така и за странските туристи. Нашата цел не е само да го зголемиме бројот на туристи, туку и да ја надополниме туристичката понуда со нови активности, со што се зголемува должината на престојот на туристите во сите 10 дестинации“, истакна Антонија Шишак, директор на Проектот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×