Аеродромци револтирани на протести – се бара итен прекин на градбата кај Мајчин дом и вклучување на граѓаните во носењето одлуки !
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

ПротестНеколку стотици граѓани вчера револтирани излегоа да протестираат против изградбата на висококатница во зелената површина пред Мајчин дом. Тие побараа стопирање на градбата и оставка на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, кој во предизборната кампања вети дека ќе ја стопира оваа градба. По неколку часовниот протест, состојбата ескалираше со удирање и рушење на поставените тараби и извици „Криминалци, мрш од Аеродром“.

Сегашниот градоначалник на Аеродром, Марин ветуваше дека ќе го смени Деталниот урбанистички план (ДУП) на општината, за кој тој тврдеше дека претходната локална власт на чело со екс градоначалникот Ивица Конески го донеселе на незаконски начин.
Градоначалникот Марин сега тврди дека не може да се менува ДУП-от и дека нема инструменти да ја стопира изградбата на објектот.
„Зграда пред Мајчин дом не треба да има. Фактите се дека претходното раководство на Општината предводено од ВМРО-ДПМНЕ го донесе овој ДУП без најава и без дебата. Ние направивме ревизија, а пред Уставниот суд се доставени 13 претставки по однос на ДУП-оти. Аеродром до судот ги достави и сите потребни документи, но до денеска нема одлука, Уставен суд ниту го стави ДУП-от во мирување, ниту го поништи“, вели Марин.
По вчерашниот протест за денеска е закажан уште еден протест во 17 часот пред парцелата кај Мајчин дом.
Овие настани претставуваат спонтани граѓански собири, испровоцирани од поставувањето на градежната механизација и претворањето на тревникот во градилиште. Собирот е чист граѓански активизам, надпартиски, нема водач, нема единствен организатор – туку е поддржан од целата фејсбук Група “Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче – Воздух Сега!”. Собирите имаат за цел да испратат силна пораката до локалната, но и до централната власт : дека мора веднаш да се ПРЕСТАНЕ со сите градежни активности покрај Мајчин Дом и граѓаните ВЕДНАШ да бидат ВКЛУЧЕНИ во носењето одлуки!
Бараме: итно стопирање на градежните активности, итно дислоцирање на градежната механизација и итно вклучување на граѓаните во носењето одлуки за овој анти-граѓански донесен ДУП.

Имаме право да одлучуваме за својата општина и својот град! Стопирајте веднаш!“ стои во повикот за денешниот протест.

Инаку, инвеститор на зградата која се подготвува да се гради е Сопственикот на Друштвото за угостителство и трговија ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје Фатмир Етеми.
Етеми пред пет месеци влезе во надзорниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.
Според пишувањата на медиумите, тој ја купил парцелата од извесна фирма Масив Констракшн.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×