Аферите не престануваат, следат неколку најтешки недели за Трамп
Објавено на од во Политика

Куtrump (1)Kулминацијата на овој напнат период би можеле да бидат изборите во Конгресот во ноември. Ако Демократите тогаш ја преземат контролата, можни се нови скандалозни испитувања поврзани со Трамп.

Следните 11 недели би можеле да бидат најнапнатиот период во владеењето на американскиот претседател Доналд Трамп и би можеле да донесат најголеми последици за него лично и за неговата администрација.

Според Вашингтон пост, првиот опасен предизвик за Трамп е случајот против неговиот поранешен адвокат.

Федералните власти испитуваат дали неговиот поранешен адвокат, Мајкл Коен, ја измамил банката и даночната служба и, преку заеми вредни повеќе од 20 милиони долари, кои ги земал преку такси претпријатие во сопственост на него и неговото семејство, наведуваат извори упатени во случајот.

Истражителите, исто така, проверувале дали Коен ги прекршил законите за финансирање на кампањата или некои други закони, кога помогнал да се направат договори со кои би се платило молчењето на жените кои тврделе дека имале афера со Трамп.

Коен, во вторникот, се изјасни за виновен за кршење на законот за финансирање на кампањата и други обвиненија, наведувајќи дека по налог на кандидат за федерална позиција, организирал исплати за да влијае на претседателските избори во 2016 година.

Признавањето на Коен е поврзано со парите кои во текот на предизборната кампања во 2016 година им биле исплатени на наводните љубовници на Трамп.
Коен истакнал дека организирал исплати чија “главна цел била да влијаат врз изборите”, според налог на кандидатот за федерална позиција, што тој не го назначи.

Коен, кој претходно постигна договор за признавање на вина со федералните обвинители, се изјасни за виновен по вкупно осум точки од обвинението, вклучувајќи го и избегнувањето плаќање на даноци и лажни изјави за финансиската институција. Постои сериозна можност Коен да дознае кој знае за организацијата “Трамп”, самиот претседател и неговите деца.

Постои сериозна можност Коен да открие што знае за “организацијата Трамп”, самиот претседател и неговите деца.
Иако некои од работите за кој е обвинет Коен немаат директни врска со неговиот поранешен шеф, ова ќе придонесе за растечкиот впечаток дека Трамп е корумпиран човек кој се опкружува со корумпирани луѓе.

Пол Манафорт, шефот на изборната кампања на Трамп, се соочува со две судења, а второто судење се однесува на случај кој е директно поврзан со неговата работа во земјите од поранешниот СССР и со начините на кои неговите активности влијаеле врз неговата работа во кампањата на Трамп.

Специјалниот советник Роберт Милер наскоро би можел да изнесе нови оптужници или дури да го објави финалниот извештај за истрагата за руското мешање во кампањата за Трамп.

Трамп најверојатно ќе продолжи да им го укинува пристапот до доверливи документи на своите критичари од разузнавачката заедница, што ќе доведе до уште поголема осуда од страна на Демократската партија и Републиканската партија, како и зголемена споредба со скандалот Вотергејт поврзан со поранешниот американски претседател Ричард Никсон.

Неговата поранешна советничка Омароса Маниго Њуман ќе продолжи да објавува разговори со луѓето од Белата куќа.

Во Тексас ќе започне тужба во која републиканските држави и администрацијата ќе настојуваат целосно да го уништат целиот Закон за пристап до здравствена заштита, познат како Обамакер, што на демократите ќе им донесе непроценлива вредност во кампањата.

Наскоро ќе започне сослушувањето за назначувањето на Брет Кавано како судија на Врховниот суд. Ако овој процес се заврши со победа на кандидатот на Трамп, тој најверојатно ќе доведе до страв и противење на Демократите, бидејќи ќе сфатат колку ќе биде конзервативен односно на Врховниот суд кон нив.

Ова се само некои работи за кои се знае дека наскоро ќе се случат, и има многу непредвидливи последици кои можат да го предизвикаат однесувањето на Трамп. Трговскиот конфликт на Трамп со другите земји досега предизвика загуби на многу работни места и несигурност. Можни се и нови меѓународни кризи и конфликти со американските сојузници.

Кулминацијата на овој напнат период би можеле да бидат изборите за Конгресот во ноември. Ако Демократите тогаш ја преземат контролата врз Конгресот, можни се нови скандалозни испитувања поврзани со работењето на Трамп.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×