AFP: „Коалицијата на воините“ победник на изборите на Косово
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Старата гарда косовски политичари „воини“ победи на вчерашните избори, но недостатокот на посилно мнозинство во однос на партиите што сакаат промени може да значи нов период на неизвесност, смета француската новинска агенција AFP.

Победник на изборите е „коалицијата на воините“ што ја чинат Демократската партија на Косово на Хашим Тачи, Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, и уште десет партии, пишува AFP. На второ место е е националистичкото движење Самоопределување, а трета е коалицијата собрана околу Демократскиот сојуз на Косово.

На Тачи и на Харадинај, кој според коалицискиот договор треба да биде мандатар, за да формираат влада секако ќе им треба поддршка и од друг политички субјект, зашто коалицијата ќе има 47-48 пратеници во 120-члениот Парламент. Точната распределба на мандати ќе се знае подоцна неделава.

Победничката коалиција освои (според досега преброеното) 34,6% од гласовите; Самоопределување 26,7%, а коалицијата на Демократскиот сојуз на Косово 25,9%.

Излезноста на изборите била 41,45%.

Резултатите „ветуваат тешки преговори за формирање тенко мнозинство во време кога Косово се соочува со многу лоша економската ситуација и лоши односи со Србија“, пишува AFP.

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека очекува победникот на изборите да формира проевропска влада и брзо да ги одреди приоритетите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×