Агенција Европа: Париз „не е оптимист“ за старт на преговори со Северна Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Повикувајќи се на дипломатски извори во Советот на ЕУ, Агенција Европа пренесува дека ставот на Франција за старт на преговори со Северна Македонија и Албанија не е променет во однос на јуни.
eu-mkВчера, на последниот амбасадорски состанок немало напредок во дискусијата за стартот на преговори со двете земји кандидати.
„Ништо не е сменето“, вели изворот на Агенција Европа.
Според медиумот „неколку земји“ сѐ уште имаат резерви за отпочнувањето преговори со двете земји. Франција и Данска немаат сѐ уште став, но „Франција не покажа голем оптимизам“, дознава Агенција Европа од свои извори.
Пораката од Франција е дека крајната одлука ќе ја донесе самиот претседател Емануел Макрон, и оти не е исклучено тоа да се случи на Европскиот Совет на 17-ти октомври, наместо на министерскиот состанок во Луксембург на 15-ти.
Агенција Европа потврдува дека Холандија на вчерашниот амбасадорски состанок се покажала воздржана за отворањето преговори со Албанија, и потсетува дека германскиот парламент иако поддржува старт на преговори со Тирана смета дека земјата треба претходно да исполни одреден број услови.
Нова рунда разговори на оваа тема е закажана на 9-ти октомври на амбасадорско ниво во Брисел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×