Агробизнис: Модернизација на македонското земјоделство е возможна преку вмрежување на агро и ИТ компании од регионот
Објавено на од во Инвестиции

Slika od minatogodisnata IKT vo agrobiznis WEB
Втора година по ред се одржува конференцијата ИКТ во Агробизнисот која овозможува продлабочување на соработката помеѓу Агро секторот, кој е еден од најразвиените сектори во земјата, и ИТ секторот, кој во последните години зема замав и може да креира одлични софтверски решенија за земјоделците.

Втора година по ред се одржува конференцијата ИКТ во Агробизнисот која овозможува продлабочување на соработката помеѓу Агро секторот, кој е еден од најразвиените сектори во земјата, и ИТ секторот, кој во последните години зема замав и може да креира одлични софтверски решенија за земјоделците.

Македонија е земјоделско подрачје богато со услови за одгледување на голем број агро култури. Претприемачите во земјоделскиот сектор имаат големи познавања во својата област, вложуваат во сопствените земјоделски насади и директно придонесуваат за раст на домашната економија, но со цел унапредување на нивните производствени процеси потребни се и технолошки иновации. Агро бизнисите, споредено со останатите, инвестираат помалку во ИКТ за развој на своето производство, пред се поради недостигот на информации. Оваа конференција е одлична можност за меѓусебно запознавање на компаниите од двата сектора, продлабочување на нивните соработки и развој на иновации во земјоделстово.

Искуствата од минатата година покажуваат дека интересот е голем и од страна на агро и од страна на ИТ компаниите. Најуспешните агро компании споделија свои искуства за имплементирање на ИКТ решенија во нивните бизниси и ги претставија предностите и поволностите од иновативните инвестиции. Успех е пред се да допре информацијата за иновативно земјоделство до сопствениците на бизнисите во оваа област, а потоа и да се размислува во кој дел од бизнисот може да се имплементира некое технолошко решение. ИКТ имаат развиено апликации за прецизно наводнување во поглед на количина на вода и временско подесување, напрашување, мерење на топлина на почва и сл.

ПроКредит Банка, Mасит и АгФутура, како специјализирани институции во својата област кои може да дадат максимална поддршка на агро секторот во Македонија,се организатори на ИКТ во Агрибизнисот 2016 и ги повикуваат сите заинтересирани компании да присуствуваат на конференцијата која ќе го обележи развојот на понатамошните агро иновации.

Emilija Spirova WEB 01

Емилија Спировска – Член на Управен Одбор на Прокредит Банка

ПроКредит Банка

Веќе неколку години наназад организираме Агро Бизнис форум за нашите клиенти, кој им овозможува на претприемачите во земјоделскиот сектор да запознаат потенцијални партнери во својата област, да ги прошираат познавањата за иновативни решенија во нивните производства и да споделат успешни приказни за сопствениот бизнис.

ПроКредит е развојно ориентирана банка, која активно го поддржува и кредитира агро секторот во Македонија.

“ПроКредит е единствената германска банка во Македонија која се стреми кон развој на домашната економија. Активно кредитираме одржливи бизнис идеи на малите и средни претпријатија, енергетско ефикасни проекти, иновативни решенија за унапредување на бизнисот и агро компании. Веќе неколку години наназад организираме Агро Бизнис форум за нашите клиенти, кој им овозможува на претприемачите во земјоделскиот сектор да запознаат потенцијални партнери во својата област, да ги прошираат познавањата за иновативни решенија во нивните производства и да споделат успешни приказни за сопствениот бизнис.

Оваа година, со цел да се зголеми свесноста за значењето на земјоделскиот сектор во Македонија се приклучивме во организација на ИКТ во Агро Бизнисот заедно со Масит и АгФутура. Со заеднички залагања сакаме да ги споделиме последните иновации и новости од агро секторот, успешните светски практики и позитивните резултати кои би се оствариле со иновативни инвестиции. Претприемачите во земјоделскиот сектор треба да сфатат дека иновативните технички решенија водат кон намалување на трошоците за производство, зголемување на квалитетот на финалниот производ и преку истото зголемување на профитабилноста и конкурентноста на компанијата. Се стремиме кон унапредување на бизнисите на нашите клиенти и имаме одлични програми за кредитирање на иновативни решенија во агро секторот.

Секоја година ги наградуваме најуспешните компании за нивните иновативни инвестиции. Практиката продолжува и оваа година и сите компании од агро и ИТ секторот кои имале значајни иновативни проекти би можеле да се препознаат како добитници на нашето признание за најуспешна иновативна компанија.” – изјави Емилија Спировска – Член на Управен Одбор на Прокредит Банка

Anita Nikova WEB

Анита Никова – Извршен директор на Масит

МАСИТ

Многу мал број агро компании размислуваат во насока како ИКТ може да им помогне за поголем придонес во одгледување на земјоделски култури и остварување поголема ефикасност и ефективност во работењето. Прецизното фармерство е популарно во светски рамки, а потенцијалот во Македонија сега почнува да се развива.

МАСИТ како Стопанска Комора за ИКТ се грижи за полесна и забрзана дигитализација на целокупното македонско општество, засилено работи со повеќе вертикални сектори во Македонија, како земјоделие, туризам и текстил и неколку пати во годината организира дополнителни настани за развој на технолошки иновации во овие индустри. Придобивките од имплментација на ИКТ се слични за сите индустрии: поголема продуктивност, оптимизација на човечки и материјални ресурци, безбројни социјални продобивки, полесна интернационализација и извоз на странски пазари.

“Употребата на ИКТ во агро секторот во Македонија не е масивна. Многу мал број агро компании размислуваат во насока како ИКТ може да им помогне за поголем придонес во одгледување на земјоделски култури и остварување поголема ефикасност иефективност во работењето. Прецизното фармерство е популарно во светски рамки, а потенцијалот во Македонија сега почнува да се развива.

Имаме компанија во Македонија, членка на МАСИТ, која има развиено софтверска платформа за 6 подсекторски гранки и тоа: сточарство, раноградинарство, овоштарство, лозарство, винарство и расад. Било која компанија од овие сектори, може да обезбеди лиценца за користење на оваа алтка и целосно да го води своето планирање, инвестирање, садење, производство, па дури и извоз преку оваа платформа. Со ова решение значително ќе се намалат трошоците на компанијата и времето за планирање на производството кое претходно рачно се планирало. Македонските компании имаат ИКТ решенија апликативни и за индивидуални фармери, и за цели комбинати. Тоа што можеби недостасува и на што треб а да се работи, е фактот дека ИКТ компании треба почесто да бидат во директна дискусија и комуникација со земјоделците, со цел да ги разберат нивните проблеми и предизвици од прва рака, по што ќе бидат во можност да предложат конкретни ИКТ решенија со кои ќе ги решаваат нивните проблеми, и тоа во повеќе подсектори наеднаш. Токму и целта на овогодинешната конференција е да ги соедини претставниците на двата секори, со цел полесна и подиректна комуникација. Дополнително, на конференцијата ќе обезбедиме и презентации на дел од софтверските решенија за агро секторот”, изјави Анита Никова, Извршен директор на Масит.

Blagoja Mukanov WEB

Благоја Муканов – Извршен директор и главен консултант на АГ Футура

АгФутура

За подобар развој на модерни технологии за агро секторот потребно е добро познавање на моменталната состојба во земјоделскиот сектор, и тоа како и на локално,така и на глобално ниво.

АГФутура технологии е компанија за иновативни решенија и консалтинг услуги, специјализирани во секторот земјоделството и храна.

“За подобар развој на модерни технологии за агро секторот потребно е добро познавање на моменталната состојба во земјоделскиот сектор, и тоа како и на локално,така и на глобално ниво. Побарувачката за храна континуирано расте, пред се поради растот на глобалната популација, а истовремено се менуваат и навиките на потрошувачите. На пазарот се повеќе се бара храна која не бара долго време за подготовка, а истовремено задоволува еколошки стандарди и стандарди за здрава храна. Нормално е да појави потреба од се поголема примена на технолошки иновации кои ќе овозможат оптимизирање на производствените процеси. Работиме на развој на сопствени софтверски решенија и нудиме консултантски услуги во агро секторот за развој на софтверски решенија приспособени за потребите на земјоделските компании и нивните потреби. Гледано од аспект на корпоративното земјоделство во Македонија има голема технолошка спремност и има компании кои располагаат со најсовремени технички решенија во нивната област. Овиепрвенци во својата дејност ги споделуваат своите искуства со присутните на конференцијата и се одличен пример за целиот агро сектор во Македонија. Присутните на конференцијата ќе може да кумулираат голем број на идеи кои би го унапредиле нивниот бизни.“ – изјави Благоја Муканов, Главен менаџер и директор на АгФутура


ИКТ во агробизнисот 2015 имаше поддршка од неколку академски професори и беа презентирани неколку софтверски решенија кои овозможуваат мерење на температура на почва и на воздух во затворени фолии, како и решенија кои даваат комплетен преглед  за ситуацијата на терен. Оваа година  покрај Емилија Спировска, Анита Никова и Благоја Муканов, како главни говорници на конференцијата се:

  • др. Невенка Александрова Стефанова, офицер за истражување во агробизнис и био технологија при УН ФАО, која ќе говори за тоа како ИКТ може да придонесат за надминување на глобалните предизвици во агро секторот
  • проф. Henk Hogaveen, професор по менаџмент за здравје на стока на Универзитетот Wageningen, кој ќе говори за тоа како ИКТ може да придонесат за зголемување на квалитетот, продуктивноста и конкурентноста на земјоделското производство
  • мр. Grigoris Chatzikostas, менаџер за иновации и развој на бизнис на Биосенсе институт

Конференцијата вклучува панел дискусии за развојот на ИКТ во агро секторот, како и  успешни приказни на Македонски и светски бизнисмени во земјоделството. Сите учесници на конференцијата имаат единствена можност да учествуваат на бизнис-со-бизнис средби со потенцијални партнери од агро или ИТ областа, како и да разменат контакти и искуства со слични бизниси на сопствените. Посетете го сајтот www.seeita.org и регистрирајте се за присуство на конференцијата ИКТ во Агрибизнисот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×