Агрокор ги собира најдобрите маркетинг експерти од регионот
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Повеќемесечната потрага на хрватскиот гигант Агрокор по најдобрите експерти за дигитален маркетинг во регионот, заврши со вработување на седуммина од нив во компаниите на концернот на Ивица Тодориќ.

„Целта ни беше да одговориме на специфичните потреби на секоја поединечна компанија од концернот, и на пазарот, и да најдеме кадар што ќе ги оствари исклучително абмициозните цели“, вели во изјавата што ја пренесува хрватска Нетокрација директорот на одделот за дигитален маркетинг во Агрокор, Иван Ковачевиќ.

Меѓу нововработените маркетинг експерти во Агрокор се Сања Трбојевиќ (претходно искуство: Degordian, Adriatica.net, Atlas), Жељко Риха (агенција  Escape), Ивана Блажоти (Хрватски Телеком), Маја Клањчиќ (McCann) …

Според најавите, следат огласи за вработување експерти за дигитален маркетинг во компаниите на Агрокор и во Србија и во Црна Гора.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×