Agrokor и Ardo групата создаваат најголем производител на замрзнато овошје и зеленчук во источна Европа
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Во фабриката Vinka од Винковци денеска е потпишан договор за соработка – joint venture меѓу Agrokor и белгиската Ardo група. Потписници се претседателот на Agrokor, Ивица Тодориќ, и оперативниот извршен директор на Ardo, Бернард Хаспеслаг.

Договорот вреди скоро 400 милиони куни (околу 53 милиони евра) и со него двете компании стануваат рамноправни сопственици на Vinka.

Главна цел на соработката е Vinka да стане водечки производител на замрзнато овошје и зеленчук во источна Европа. За постигнување на целта се планирани силни инвестиции и обединување на пазарното, на земјоделското и на индустриското знаење на Agrokor и на Ardo, со креирање на економија на обем.

Производството од сегашните 15.000 тони ќе скокне на 60.000 тони.

Ardo со договорот продолжува да го развива својот бизнис во средна и во источна Европа, со што си обезбедува силна база со силен и респектабилен локален партнер.

Локалниот партнер, Agrokor, односно Тодориќ, по поводот изјави дека донесувањето на Ardo покажува оти неговата компанија ги носи и соработува со најдобрите.

Конкретно за Vinka, Тодориќ рече дека договорот ќе значи „силен извоз од Хрватска, и маркетиншко позиционирање на Хрватска како земја што е во состојба да прави производи за извоз“.

„Ќе создадеме нова вредност, нови работни места и нови приходи во државниот буџет“, заклучи претседателот на Agrokor.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×