Ахмети му пиша на Хан- Бара итно и директно вклучување на ескперти од Брисел во разрешување на кризата во Македонија
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

Претседателот на Демократската унија за интерграција (ДУИ) Али Ахмети во писмото кое му го испрати на еврокомесарот Јоханес Хан бара итно и директно вклучување на Брисел за надминување на ситуацијата во земјава.
“Како што дискутиравме на нашата заедничка средба, ситуацијата во земјата е загрижувачка и демократските капацитети на системот се ставени пред сериозен предизвик. Затоа, сметам дека итното и директно вклучување на Брисел, преку делегирање на политички тим засилен со правни и истражни експерти,  е неопходно”, му пишал Ахмети на Јан.

Според Ахмети, овој тим, делегиран од Европската Комисија и Европскиот Парламент, би ги осигурал сите засегнати страни дека процесот ќе биде кредибилен и со интегритет, како и непристрасен што е предуслов за успешно привршување на овој случај.

Исто така Ахмети побарал од Хан што поскоро ззатворање на прашањето со името, што според него ги држи “држи во заложништво стремежите на нашите граѓани и кои може да ги тенсионира меѓуетничките односи”во земјата .

“Овој спор мора да се затвори што е можно поскоро, но решението не може да се постигне без интензивното вклучување на Брисел и Вашингтон во посредништво помеѓу Скопје и Атина”, смета Ахмети.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×