AI, AR, VR, IoT … се кратенките што сѐ повеќе ќе се споменуваат во бизнисот
Објавено на од во Teхнологија

technology 948 WEBТехнологијата во 2018

Меѓу многуте предвидувања за технолошкиот развој во 2018 година, поради конкретната насоченост на влијанието врз бизнисот го пренесуваме она на експертите од компанијата Dell Technologies, кои проценуваат дека вештачката интелигенција, виртуелната и проширената реалност, интернетот на нештата и информатиката во облак ќе влијаат на дигиталната трансформација на организациите, но и на приватните животи на луѓето

 

Уште во тек на летото Dell Technologies и Институтот за иднината (The Institute for the Future – IFTF) објавија извештај „Следна ера на партнерството човек-машина“ (Next Age of Human-Machine Partnership) и неодамна од него подготвија сумарен преглед на технолошките новости што можеме да ги очекуваме во 2018 година. Ова се предвидувањата содржани во прегледот:

1.Вештачката интелигенција (Artificial intelligence – AI) побрзо ќе работи на „мисловни задачи“

Во тек на следните неколку години вештачката интелигенција ќе го промени начинот на кој го поминуваме времето. Организациите на вештачката интелигенција ќе ѝ дадат да извршува „мисловни задачи“ врз база на податоци, значајно намалувајќи го времето што го трошат на истражување, на планирање сценарија и на тестирање на секоја иновација. AI ќе овозможи луѓето побрзо да донесуваат одлуки, а организациите побрзо да се развиваат.

Некои теоретичари тврдат дека AI ќе ги замени луѓето на некои работни позиции, но овие технологии може да отворат и нови работни места, давајќи им на луѓето нови можности. На пример, ќе се создаде простор за ИТ експертите насочени на развојот и на прилагодувањето на вештачката интелигенција. Тие ќе бидат одговорни за поставување на параметрите според кои ќе се одредуваат правилата и начините на користење на AI, добрите исходи од бизнис операциите и слично. Еднаш кога параметрите ќе се постават, технологијате ќе може брзо да ги препознава позитивните комерцијални можности.

istock000073462283large vgraduvanje WEB 9482. Вградување IQ (intelligence quotient) на нештата

Од 2018 година ќе правиме значајни чекори во сегментот на интелигентното управување со градовите, со организациите, со домовите, со возилата подобрени со интернетот на нештата. Со пониски трошоци за процесорска сила, и со падот на цената на поврзување на нодовите (јазлите) речиси на нула, наскоро ќе имаме 100 милијарди поврзани уреди, а набрзо потоа и 1.000 милијарди. Количината на сите тие податоци, процесорски и AI сили, ќе им помогне на машините подобро да управуваат со нашите физички и човечки ресурси. Ќе станеме „дигитални диригенти“ на технологијата и опкружувањето. Технологијата ќе функционира како наше продолжување (екстензија). Секој објект ќе стане паметен и ќе ни овозможи да живееме „паметни“ животи.

Го гледаме тоа во нашите автомобили, кои се опремуваат со ултразвучни сензори, технологија што користи светлосни зраци за мерење на растојанието меѓу возилата, како и за препознавање на гестови. Со време овие иновации ќе го направат автономното возење секојдневие. Пред тоа, автомобилот ќе почне сам да бара сервис кога ќе му треба, известувајќи го сервисерот што треба да направи, и ќе закажува ажурирања на својот софтвер.

Woman wearing glasses augmented reality. Flat icon3.Ќе имаме AR системи во вид на очила или во други „наглавни“ форми

Нема да помине многу време до моментот кога границите меѓу „вистинската“ реалност и проширената (збогатена) реалност (Augmented reality – AR) ќе почнат да се замаглуваат. Комерцијалната одржливост на AR е веќе видлива. На пример, градежниците, архитектите и инженерите користат AR системи (за носење на глава, како очила или во друга форма) за визуелизација на нови објекти; ги координираат активностите врз база на единствено гледиште за развојот, и ги обучуваат работниците на локациите и кога стручните луѓе не се во можност да бидат таму.

Секако, и виртуелната реалност (Virtual reality – VR) има добри изгледи. Без сомнеж ќе се трансформира во забавен и „гејминг“ простор во блиска иднина, благодарејќи на различните искуства што ги овозможува, но повеќето веруваат дека AR ќе стане дефакто начин за максимизирање на човечката ефикасност.

4.Подлабока поврзаност со корисниците

Да се стави искуството на корисникот на прво место е поважно од кога и да е. Dell Technologies’ Digital Transformation Index покажува дека 45% од менаџерите на водечки позиции во средни и големи организации веруваат оти за пет години нивниот бизнис ќе биде застарен, а 78% ги сметаат стартапите како пречка за нивниот бизнис.

Во текот на следната година, со предиктивната аналитика, машинското учење и AI во прв план, компаниите подобро ќе ги разбираат и ќе одговараат на потребите на корисниците, дури и пред овие потреби да се појават. Службите за корисници ќе се насочат на усовршување на делењето на комуникацијата меѓу луѓето и машините. Значи, наместо препуштање на интеракцијата со клиентите на првата генерација на „четботови“ и на однапред одредени пораки, луѓето и автоматизираните интелигентни виртуелни агенти заеднички ќе работат како еден тим.

5.Проверката на пристрасноста ќе стане рутинска како проверката на правописот

Во следната декада, новите технологии, како VR и AI, ќе им помогнат на луѓето да пронајдат информации и да дејствуваат врз нивна база, без мешање емоции и надворешни предрасуди. Краткорочно ќе видиме како AI се употребува во процедури за вработување и напредување, за да се одреди свесната и несвесната пристрасност. Во меѓувреме VR сѐ повеќе ќе се користи како алатка за интервјуа, за да се осигури дека приликите се доделуваат според заслуги, на пример, со маскирање на идентитетот на идниот вработен со аватар.

Со употребата на новите технологии „проверката на пристрасноста“ би можела еден ден да стане рутинска активност како проверката на правописот.

6.Медиумите и индустријата за забава сѐ повеќе ќе користат еСпортови

Во 2018 година ќе гледаме сѐ поголем број на играчи кои седнуваат пред дисплеј или носат VR системи на главата за да се натпреваруваат во опкружување со висока резолуција. Со стотина милиони нови играчи и гледачи кои ги користат овие технологии, еСпортот (електронскиот спорт) ќе стане „меинстрим“.

Феноменот еСпортови покажува поширок тренд. Имено, дигитализирани се дури и суштински „човечките“ активности како спортот. Технологијата го прошири „спортот“ кон сите, што значи дека не треба човек да има одредена телесна градба за одреден спорт, туку благодарение на брзите реакции и моторичките способности може да учествува и да победи.

Cloud-computing WEB 9487.Одиме кон „мега облак“

Облакот не е дестинација. Тоа е информатички модел во кој оркестрацијата, автоматизацијата и интелигенцијата се вградени длабоко во ИТ инфраструктурата. Во 2018 година компаниите претежно ќе се движат кон multi-cloud пристапот, искористувајќи ја вредноста на сите модели, од јавен до приватен, хостиран, администриран и SaaS (Software as a service). Меѓутоа, бидејќи сѐ повеќе апликации и товар во вид на податоци од различен вид се пренесуваат во различни облаци, ширењето на cloud силосот ќе стане неизбежно, со што се оневозможува способноста на организацијата потполно да ја искористи анализата на податоците и AI иницијативите. Тоа, исто така, може да доведе до влегување на апликации и податоци во погрешен облак, односно, до лоши последици за бизнисот.

Како следен чекот ќе ја видиме појавата на „mega cloud“, што ќе поврзува повеќе приватни и јавни облаци за да се однесуваат како кохерентен, холистички систем. Мега облакот ќе понуди интелигентен приказ на целокупното ИТ опкружување. За да овозможиме мега облак, ќе мораме да креираме multi-cloud иновации во вмрежувањето (за преместување податоци меѓу облаците), складирањето (за поставување на податоците во вистинскиот облак), пресметувањето (за да се искористи најдобрата обработка и забрзување за работното оптоварување), оркестрацијата (за поврзување на вмрежувањето, складирањето и пресметувањето преку облаците), а како нова прилика корисниците ќе мораат да вклучат AI и машинско учење, за да автоматизираме и да добиеме увид во новото ниво на ИТ опкружување од следната генерација.

8.Во 2018 ќе водиме сметка за малите нешта

Во сѐ поповрзаниот свет, нашето потпирање на трети страни никогаш не било поголемо. Организациите се силно поврзани системи кои постојат како дел од нешто поголемо. Хаосот може да се прошири понатаму и побрзо сега кога технологијата нѐ поврзува на фрапирачки начини. Земете предвид дека едно од најголемите хакирања на податоци во историјата се случи бидејќи напаѓачите користеа податоци за пријава во нечиј систем за климатизација.

Поради сѐ поиспреплетените односи со машините, ситните грешки/расипувања, можат да доведат до мега грешки. Затоа 2018 ќе биде година на дејствување за меѓународните корпорации, дополнително поттикната со новите прописи, како регулацијата за заштита на личните податоци. Имплементацијата на алатките за кибернетичка безбедност и на технологиите што ефикасно ќе ги заштитат податоците и ќе ги превенираат заканите, ќе стане растечки императив.

 

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×