Ајдован Адемоски, Меѓународен балкански универзитет: Создаваме самоуверени, општествено одговорни и глобално конкурентни интелектуалци и професионалци
Објавено на од во Економија

 

Адемоски за отварањеАјдован Адемоски
претседател на Управниот одбор на
Меѓународниот балкански универзитет

„Меѓународниот балкански универзитет е двојно акредитирана институција, и тоа од Бордот за акредитација на високото образование на Северна Македонија и од Советот за високо образование на Турција, каде што наставата се одвива целосно на англиски јазик. Тоа значи дека програмите, целите и методите понудени од МБУ се прилагодени на политиките и стратегиите за високо образование на двете земји, односно на две различни доктрини и соодветно одобрени. Ова, во самата основа нè категоризира како образовна институција што во себе содржи повеќеслојни и побогати образовни програми. И тоа е само појдовната точка од каде започнува разгранувањето на нашата уникатност, а понатаму следат уште квалификациите што произлегуваат од глобални тела и авторитети како што е Шангајската листа, според којашто МБУ е најдобриот универзитет во Македонија во областа на наставата и учењето.“

 

Формиран пред 13 години од Фондацијата за образование „Скопје“, целта за создавањето на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ), според зборовите на претседателот на Управниот одбор на МБУ,  Ајдован Адемоски, била тој да е културен мост меѓу Балканот и Турција. Денес, пак, како што вели Адемоски, МБУ е мултинационална, мултирелигиозна и мултикултурна образовна средина со меѓународно акредитирани наставни програми и студенти од преку 10 земји, коишто добиваат најквалитетно високо образование во земјава. Со Адемоски разговаравме за тоа што значи МБУ денес и кои се неговите компаративни предности во сферата на факултетското образование во Северна Македонија и регионот, односно зошто е избран за најдобриот универзитет во Македонија во областа на наставата и учењето според Шангајската листа.
Објаснете ни накратко за Меѓународниот балкански универзитет, како своевидна лична карта на институцијата: кои се основачи, финансиери, борд на старатели, управен одбор, услови за студирање..
Иницијативата секогаш потекнува од некоја идеја или идеал да се создаде нешто вредно, да поттикне позитивно движење или промена. Така и идејата за основањето на Меѓународниот балкански универзитет потекна од група интелектуалци и академици со намера да се зголеми квалитетот на образованието, притоа создавајќи кадри кои ќе бидат пример за образован кадар во земјава и регионот. Преку основањето на Фондацијата за образование и култура „Скопје“ целта беше создавање на МБУ како културен мост меѓу Балканот и Турција. При исполнувањето на овие цели нашиот универзитет се профилира како обезбедувач на висококвалитетно образовна установа што создава самоуверени, мултидимензионални, општествено одговорни и глобално конкурентни интелектуалци и професионалци. Во нивните индивидуални достигнувања и престиж се огледува мисијата на Меѓународниот балкански универзитет да стане реномирана меѓународна образовна институција која гледа на културната разноликост како предност и која придонесува за развојот и стабилноста на Балканот преку креирање на најдобрите професионални поединци кои се подготвени да се натпреваруваат во работната сила. Сето ова е придвижено и овозможено од Бордот на доверители, Управниот одбор и Сенатот, тела кои се составени од проминентни професионалци и интелектуалци со мултиетнички состав и космополитски идеали. Благодарение на ваквиот принцип на работа и функционирање, и повторно ќе кажам како резултат на првичниот идеал, во изминативе 13 години, МБУ се наметна како релевантен образовен и истражувачки центар.
 Раководство 1Кои се најсилните компаративни предности на МБУ што го издвојуваат од другите универзитети во земјава?
Да започнеме од фактот што МБУ е двојно акредитирана институција, и тоа од Бордот за акредитација на високото образование на Северна Македонија и од Советот за високо образование на Турција, каде што наставата се одвива целосно на англиски јазик. Тоа значи дека програмите, целите и методите понудени од МБУ се прилагодени на политиките и стратегиите за високо образование на двете земји, односно на две различни доктрини и соодветно одобрени. Ова, во самата основа нè категоризира како образовна институција што во себе содржи повеќеслојни и побогати образовни програми.
И тоа е само појдовната точка од каде започнува разгранувањето на нашата уникатност, а понатаму следат уште квалификациите што произлегуваат од глобални тела и авторитети како што е Шангајската листа, според којашто МБУ е најдобриот универзитет во Македонија во областа на наставата и учењето. Кај нас сè се сведува на зближување, па затоа со својата мултинационална, мултикултурна и мултирелигиозна позадина, Универзитетот игра клучна улога во градењето и зацврстувањето на мостови на соработка, взаемна поддршка што е уште една наша предност. Факултетските единици на универзитетот се опремени и екипирани за спроведување на висококвалитетни научни истражувања. Со тоа покрај што им овозможување на нашите студенти уште во текот на образовниот процес да учествуваат во напредни научно – истражувачки процеси, уште и универзитетот со продукција на вакви кадри придонесувале и понатаму ќе придонесува за технолошкиот и економски развој во регионот. Со овие и уште други поединости, МБУ стана истакната високообразовна институција на Балканот што испорачува најквалитетното образование во Северна Македонија и во регионот.
Колку студенти во моментов студираат на МБУ, а колку имаат дипломирано досега?
Во овие 13 години постоење универзитетот МБУ продуцирал стотици високообразовани и професионално профилирани кадри. Како што се зголемуваа образовните профили и единици, така се зголемуваше и бројката, така што стигнавме до 2000 студенти што е надминување и на нашите очекувања за релативно краткиот период зад нас. Со одличната понуда што ја имаме и квалитетниот професорски кадар, успеавме да создадеме тренд на растење на бројот на студенти, односно секоја година се зголемува бројот на запишани студенти во прв и втор циклус. Кон тоа придонесува и атрактивноста на нашата понуда содржана во седумте факултети, вклучително со 18 програми за додипломски студии и 10 програми за постдипломски студии во различни области, како што се инженерство, архитектура, економија, административни науки, ликовна уметност, образовни науки, комуникација, хуманистички науки и општествени науки.
21ajИмате ли сознанија колку лесно или тешко наоѓаат работа дипломираните на МБУ и како универзитетот комуницира со бизнис секторот во насока на обезбедување практична работа за студентите и сл.?
Целиот тим на Универзитетот произлегува од оваа заедница, од ова општество, тука живеат и работат, така што точно ги знаеме условите во кои нашите студенти треба да ја градат својата иднина. Затоа, уште во основањето на универзитетот прифатени се едни од најсилните постулати. Така, еден од носечките столбови на нашата интегрирана и проактивна филозофија и стратегија на делување е функционирањето на универзитетот како медиум кој ги пренесува знаењата и искуствата од високото образование од Турција до Балканот. Преку бројните програми за размена како Еразмус+ и Мевлана, како и договори за билатерална соработка со истакнати европски универзитети, МБУ ја усвои политиката на искористување на различностите за да ги постигне академските компетенции. МБУ преку воспоставеното партнерство со бизнис секторот, односно со приближно 150 договори за соработка, на своите студенти им нуди можности за стажирање и работа, едукативни можности и просперитетна кариера. И тоа, со оглед на мултинационалниот карактер на нашиот универзитет компаниите се од земјите од регионот, но и од западноевропските исто така.
Какви се заложбите на МБУ за прилагодување на наставните програми кон она што го бара пазарот моментално, како домашниот, така и меѓународниот пазар на работна сила?
Целиот административно – наставен тим на универзитетот е составен од еминентни имиња кои се истакнати професионалци во бизнис секторот, во научните и академски области, така што поаѓаме прво од таа точка. Токму креаторите на пазарот најдобро знаат како функционира и кои компетенции ги бара. Врз основа на тоа тие ги пренесуваат своите знаења на студентите и ги „моделираат“ студентите да се истакнат со нивната вештина, знаења и да станат конкурентни не само на домашниот туку и на глобалниот пазар.
И токму во таа насока се создадени и едукативните програми и методи на работа, да создадеме зрел и подготвен кадар за веднаш да се наметне како фактор на пазарот на трудот, и од друга страна со нашиот колективен и поединечен ангажман, на ниво на универзитетот воспоставуваме релации кои нудат многу можности за нашите студенти. Овој пристап е дополнет со практичната работа, на едно ниво во лабораториите што ги имаме во склоп на универзитетскиот кампус, како дел од нашата научно – истражувачка работа, и на следно нови во компаниите со кои се потпишани договори за соработка. Комбинацијата на сето ова се бенефитите за нашите студенти.
22ajКаква е меѓународната соработка на МБУ со други универзитети и научни институции и на кој начин студентите го користат овие можности?
Нашите дипломци со нивните професионални квалификации од една страна и универзитетските истражувачки инпути кон развојот на науката преку национални и меѓународни проекти, организирани симпозиуми, работилници, конференции и академски настани од друга страна, значително придонесоа за мисијата на универзитетот за зголемување на образовното ниво во регионот. Активната студентска мобилност на подрачјето на Европа и Турција преку програмите на Еразмус и Мевлана значително придонесуваат кон тоа.Додека пак, со мултикултурниот и мултиетничкиот состав на студентите и академиците, МБУ е вистински меѓународен универзитет со студенти од Македонија, Турција, Црна Гора, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и многу други земји. А нашиот, универзитетскиот дополнителен инпут се продолжување на оваа мултикултурна и космополитска филозофија со воспоставените директни односно со универзитети не од регионот туку од целиот свет. На тој начин, студенти добиваат можност за надградба и проширување на своите знаење и искуства во која било средина што ќе ја посакаат. Студентите добиваат од тоа што се ангажирани во мултиетничкото и мултикултурното академско опкружување што го нуди Универзитетот во рамките на сопствениот кампус или во некој до бројните универзитети со кои имаме соработка.
Какви се заложбите на МБУ во насока на обезбедување стипендии за  талентирани ученици што не можат да си ги дозволат трошоците за студирање?
Универзитетот има мисија да го подигне образовното ниво во регионот и да го направи поконкурентен пазарот на трудот. Ништо не смее да застане на патот на желбата за учење и за интелектуално напредување, затоа нашите заложби се континуирани во насока на обезбедување стипендии за посебно талентирани и амбициозни студенти кои сакаат да напредуваат во своето образование. Ние знаеме да препознаеме талент и потенцијал, без разлика на социјалниот статус и постојано изнаоѓаме начини и модели како да овозможиме талентот да напредува и да стане позитивен фактор во заедницата. Дали од бизнис секторот, дали преку донаторски иницијативи, фондови или слично, овозможуваме квалитетно образование за овие надежни млади луѓе. Откако е основан универзитетот, преку разните иницијативи, досега доделени се повеќе од 1000 стипендии на талентирани студенти. На 27-ми април оваа година ќе го реализираме традиционалниот испит за стипендии, а оваа година за прв пат во историјата донесовме одлука да ги стипендираме со 100% стипендија тројцата најдобри матуранти од секое средно училиште во нашата држава. Целта на оваа благородна и визионерска одлука е најталентираните деца да ги задржиме тука, да ги образуваме квалитетно во универзитет со меѓународен карактер, да им овозможиме странско искуство преку програмите на мобилност во текот на нивните студии и на крај, низ партнерска соработка со нашата бизнис мрежа да воспоставиме нов уникатен образовен систем со гарантирана кариера за нашите млади.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×