Академикот Таки Фити нов претседател на МАНУ
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Taki_FitiАкадемик Таки Фити е избран за претседател на Македонската академија на науките и уметностите. Фити доаѓа на местото на академик Владо Камбовски, на кој му завршува мандатот. За потпретседатели на МАНУ се избрани академик Луан Старова и академик Владо Матевски.

„Со оглед на тоа што четиригодишниот мандат на сегашното Претседателство на Академијата истекува на 31 декември 2015 година, во согласност со Законот за МАНУ и Статутот на МАНУ Собранието на Академијата и одделенијата на Академијата на денешната седница избраа претседателство“, се вели во денешното соопштение од МАНУ.

За секретар на Академијата е избран академик Леонид Грчев, за избран член Георги Старделов, за  секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука академик Витомир Митевски, за секретар на Одделение на општествени науки академик Вера Битракова Грозданова, за секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки е избран академик Дончо Димовски, за секретар на Одделението за медицински науки е избран академик Илија Филипче, за секретар на Одделението за технички науки  е избран академик Алајдин Абази и за секретар на Одделението за уметност академик Григор Чемерски.

Собранието на Македонската академија на науките и уметностите соопшти и дека го разгледала и усвоила и Извештајот за работата на МАНУ за периодот 2012-2015 година и било сослушано Експозето на претседателот на Академијата академик Владо Камбовски за работата на МАНУ во изминатиот период.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×