Ако Британија ја напушти ЕУ следна може да биде Чешка?
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Ако Британија ја напушти Европската унија следна може да биде Чешка? Ова може да се заклучи од изјавата на чешкиот премиер Бохуслав Соботка дека „ако Велика Британија си отиде од ЕУ, и кај нас во следните неколку години може да се очекува расправа за излегување од Унијата“. Последиците, свесен е Соботка, би можеле да бидат несогледливи, во смисла на срозување на економијата и на безбедноста, и враќање под руската сфера на влијание.

Чешка од влезот во ЕУ во 2004 година извлекува големи пари од еврофондовите, но тамошната јавност има едно од најнегативните мислења за Унијата, што мигрантската криза, секако го утврди. Дури три петини од Чесите не се задоволни од членството во ЕУ, а дури 62%, според одредени анкети, би гласале за напуштање на Унијата.

„Досега излегување на Чешка од ЕУ предлагаа само маргинални партии. Но, ако дојде до Brexit, и на партиите како Граѓанската платформа и комунистите би можело да им стане привлечно да предлагаат Czexit“, вели чешкиот државен секретар за ЕУ прашања, Томаш Проуза.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×